X
 13.08.2020 Култура

Топ филмови базирани на вистинска приказна што треба да ги гледате

Филмските остварувања базирани на вистинска приказна отсекогаш ѝ биле омилени на публиката. Во продолжение ви нудиме едни од најдобрите кои ако не сте ги гледале, сега е време да го направите тоа.

„Во дивината“, 2007 година



Приказна за човек кој одлучува целосно да се откаже од модерниот начин на живот и да го истражува животот на начин на кој тоа не може да се направи во урбаните средини. Освен необичните моменти на духовно сознание, овој филм ќе ве воодушеви со прекрасните сцени од природата. Кристофер Мекандлес го жртвува својот удобен живот и патува до Алјаска, каде што сака да живее во дивиот свет.

„Шиндлеровата листа“, 1993 година



Овој филм е базиран на приказната за Оскар Шиндлер, нацистички бизнисмен кој го менува мислењето за идеологијата што на почеток ја застапува и успева да спаси над 1.000 луѓе од холокаустот. „Шиндлеровата листа“ доби „Оскар“ за најдобра режија и најдобар филм, и тоа сосема заслужено.

„Прекрасен ум“, 2001 година




Џон Форбс Неш Џуниор е гениј кој докажува дека навистина е тенка линијата помеѓу генијалноста и лудилото. Филмот ја раскажува приказната за неговиот живот, неговиот извонреден ум, но и шизофренијата која влијае врз неговиот личен живот и односите со другите луѓе.

„Пијанист“, 2002 година




Филмот е режиран од Роман Полански, а во главна улога се појавува прекрасниот Адриен Броди. Дејството го следи животот на полскиот пијанист Владислав Шпилман, кој се бори да ја преживее деструкцијата на Варшава за време на Втората светска војна. Филмот освои три „Оскари“.

„12 години ропство“, 2013 година




Биографска драма која го следи животот на Соломон Нортап, слободен Афроамериканец кој бил киднапиран и продаден како роб во 1841 година. Филмот освои „Оскар“ за најдобро филмско остварување.

Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура