X
 23.09.2016 Култура

Кафе и 100.000 бесплатни е-книги

Загреб го има првиот кафич во светот во кој може бесплатно да се читаат дигитални книги.

Девојка во кафичот Велвет во Загреб

Проектот Free reading zone (FREZ) во светот го води Мирела Рончевиќ, која потекнува од Хрватска, а живее во Њујорк. Таа FREZ го донела и во Хрватска.

Кафулето Velvet во Загреб е првото кафуле во светот што стана зона за бесплатно читање, каде гостите ќе може да се логираат во виртуелната библиотека која што се состои од дури 100.000 наслови на неколку светски јазици, како и на хрватски.

Читањето книги во најсовремен дигитален формат во кафулето е без ограничување и прекин. Ќе може да се најде секаква литература, од приказни, преку книги за готвење, до стручна литература.

Инаку, проектот Free reading zone е основан во САД во соработка со издавачи и компанија од Израел која што стои зад апликацијата за читање, а неговата цел е јавни и приватни простори (паркови, болници, автобуси, училишта) да се претворат во зони во кои ќе се чита бесплатно и неограничено.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура