X
 13.07.2020 Живот

Ниту вонземјани ниту тајно оружје: Русите откриле како починале студентите на Дјатловиот превој

Мистеријата позната како Дјатлов превој е решена по 61 година - била спроведена нова истрага за смртта на студентите што исчезнале додека биле на скијање.

Студентите тргнале на пат под водство на Игор Дјатлов, а истражувачите подоцна ги пронашле нивните смрзнати тела. Дел од нив биле пронајдени без одредени делови од телото, некои биле голи, а некои имале чудни повреди. Новото истражување заклучило дека студентите починале како последица од хипотермија и едноставно немале никакви шанси да преживеат. Трагичниот случај со години го следеа шпекулации и теории на заговор, па така можеше да се слушне дека за нивната смрт биле одговорни вонземјани, тајно руско оружје, па дури и јети.

Во групата биле седум мажи и две жени, а истражувачите тврдат дека побегнале голи бидејќи немале време да се облечат.

Нивниот шатор бил мистериозно срушен, кампот напуштен, а сите работи и облеката биле оставени, што дополнително ги збунило истражувачите затоа што биле на речиси 2 километра од кампот во кој се наоѓале шаторите и телата на Јуриј Дорошенко и Јуриј Кривонишенко. Телата биле пронајдени покрај остатоците од догорениот оган, облечени само во долна облека.

Набрзо бил пронајден и Игор Дјатлов, кој ја предводел групата. По него бил и наречен мистериозниот инцидент. Во негова близина кучето ги намирисало и остатоците на Зина Коломгорова, која била затрупана под 4 сантиметри снег, а потоа и на Рустем Слободин.

Misterija
Фото: Wikipedia

Некои тела не биле пронајдени сè додека не се стопил снегот, два месеци подоцна, со фрактура на черепот и повреди на градите.

Според државниот обвинител Андреј Курјаков, шаторот на групата бил во опасност од лавина, така што групата избегала од кампот за да се заштити зад гребенот.

- Тие направиле сè како што треба - вели тој додавајќи дека кога групата се свртила за да се врати, го изгубила од вид шаторот.  Видливоста била 16 метри. Тие запалиле оган, а потоа почнале да го бараат шаторот, но тој исчезнал по лавината - вели Курјаков.

Групата замрзнала до смрт на температури помеѓу -40 и -45 Целзиусови степени.

- Тоа била херојска битка. Немало паника, но немале никакви шанси под тие околности.

Извор: Vecernij.hr | Daily Mail
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот