Вистинска бајка е градинката која се нарекува "Sad-Grad", а се отвори во градот Красногорск, во близина на рускиот главен град. Децата тука учат да играат шах, сликарство, аикидо, танци, и странски јазици како англиски, па дури и кинески јазик, но посебно внимание се посветува на нивното здравје.
Невообичаената палата е наменета за најмладите, а е осмислена до последниот најситен детаљ, во неа има замоци и кули, со протагонисти од бајките како самовили, принцези, џуџуња.
Во градот Красногорск, во близина на Москва, беше отворена необичната и на многу начини уникатна градинка.
"Сите ние, кога ќе порасниме, се обидуваме да ги оствариме своите соништа од детството. Со мојот син ги гледавме цртаните филмови на Дизни, во кои се појавува фасцинантен замок и огномет. Во меѓувреме, син ми порасна, а мојот сон остана ... Но, сега јас успеав да го реализирам“- изјавил Сергеј Колунов, претседател на Одборот на директори на групата компании “Sadovoje kaljco“.
Архитектите посветиле внимание и на најмалиот детаљ. На скалите има посебни детски огради, а собата за шкафчиња е направена во форма на куќа, со еден “куп“ играчки. Тука се наоѓа и вистински театар со големо фоаје, гардероби, голема сцена и акустичен дворец со професионално осветлување. Ова како што објаснуваат педагозите влијае на развојот на способностите и талентите кај децата.
Во посебна просторија се "живите" херои од бајките: самовили, џуџиња, принцови, принцези ... има преубави, шарени цвеќиња и авион со вистински прозорци ... Тие се нацртани од самите деца, а сликарите и декораторите го претворија во реалност.
"Во нашиот центар, децата ќе научат да снимаат цртани филмови, а опрема за тоа веќе е подготвена", додаваат педагозите. Децата тука ќе учат и играње шах, сликарството, аикидо, танцување, и странски јазици, англиски, па дури и кинески. Тие имаат и креативни работилници, а во дворот на училиштето се наоѓа и мал парк со голем број на детски реквизити, куќи, тобогани, лулашки...
Посебно внимание се посветува не само на развојот на децата, туку и на нивното здравје. Во оваа градинка е вработена цела војничка чета од логопеди, психолози, масери, а децата дури имаат и свои готвачи кои ќе подготвуваат оброци за поединечно за секое дете.
Исто така, не се запоставени ниту родители, па така тие своето дете може да го причекаат со пиење на шолја кафе, а тука може да се информираат за тоа како нивното дете се вклопува во новата средина, како напредува во стекнувањето на на нови знаења и вештини.
Интересно е сепак дека престојот на детето во ваква градинка не е премногу силен удар за семејниот буџет. Главните трошоци, а тоа е околу два милиони руски рубљи месечно, на себе ги превзеде компанијата “Sadovoje kaljco”.
Родителите плаќаат месечно само 35.000 руски рубљи (или околу 480 евра), што е просечна плата на бебиситерките во Русија. "Бебиситерката не може да му обезбеди на детето толку различни активности, како што има тука"- изјавил еден родител.
Тие велат дека децата во оваа градинка, толку уживаат што не сакаат да си одат дома, ниту да се разделат од своите воспитувачи. Погледнете го видеото!