Кога ќе се споменат масти, најчесто се помислува на вишокот масти што сакаме да ги отстраниме. Но, мастите што ги носиме во нашите тела се различна приказна. Порано имањето вишок килограми се сметало како знак за богатство, односно вишокот килограми значеле дека можете да си дозволите да се храните добро и обемно. Но, сегашната мода оди во екстреми, па најчесто можеме да забележиме анорексични модели, луѓе со нарушувања во исхраната, депресија и анксиозност.
Она што е потребно кај здрава маса е соодветен енергетски баланс, односно доволно складирана енергија за кога ќе биде потребна. Складираните масти во мали количини може да доведат до репродуктивни проблеми, па затоа е добро тоа што нашите тела добро функционираат кога се работи за складирањето масти. Премногу масти, пак, доведуваат до долга листа на кардиоваскуларни, имунолошки и проблеми со метаболизмот.
Треба да се запомни дека мастите се неопходни за добро здравје. Телото складира некои масни клетки во црниот дроб, а некои во мускулите. Многу од нив се користат за процеси во метаболизмот. Секој од нас носи околу десетици милијарди масни клетки во телото. Клетките складирани под кожата се поткожни масти кои ни се потребни. Проблем се мастите околу стомакот бидејќи тие клетки се однесуваат различно во телото.
Најмногу се губи тежината преку дишењето. Концептот за „топење“ на мастите не е сосема погрешен, но губењето килограми вклучува и напуштање на големи количини јаглероден диоксид од телото. За да се изгубат мастите, човекот треба да вдишува кислород, за да го забрза метаболизмот и да пие вода, бидејќи водата може да го напушти телото на повеќе начини. Каде одат мастите што ги губиме? Одговорот е во атмосферата. Со нив испуштаме и дополнителни резерви на витамини и токсини. Со губењето телесна маса на здрав начин, ограничениот број токсини што ги ослободуваме нема да го оптоварат крвотокот. Екстремните диети, пак, се друга приказна. Колку повеќе тежина губите, толку повеќе токсините навлегуваат во крвотокот.
Бидејќи повеќе не се занимаваме со истиот проблем како нашите предци – многумина не размислуваат дали ќе јадат денеска или утре – мастите играат различна улога во нашите тела за разлика од порано. Некои истражувачи тврдат дека 70% од нашите медицински проблеми можат да се адресираат преку здравиот начин на живот, што вклучува подобра исхрана и поголемо движење.
Мастите што се враќаат во атмосферата преку дишењето со тек на време се трансформираат во гориво за растенијата, еден од главните делови од нашата исхрана која повторно ја враќаме во организмот. Тоа е она што се нарекува хармоничен циклус, поради кој сме еволуирале и е неопходен за оптимално здравје.