Најверојатно не постои човек кој не ја изгубил волјата за работата, особено во периодот пред или по годишниот одмор, кога се „фатил“ себеси како ги одложува работните обврски и задачи или ги завршува со тешки маки.
Ви споделуваме неколку корисни совети како полесно да се зафатите со работа и тоа да ве „држи“ во текот на целата година.
Поделетеси ги задачите
Честопати се наоѓате во ситуации кога не знаете од каде да почнете со работа и како да продолжите понатаму. Имате толку многу работни задачи што предизвикуваат да се почувствувате изгубени и преоптоварени. Во таквите периоди, времето си тече, а работата останува незавршена. Еден од начините како да ги завршите обврските е да ги поделите на помали сегменти за што ќе ви биде потребно пократко време. Ако тоа не вроди со плод, задајте си пократки временски периоди за работа и за одмор.
Визуелизирајте ги последиците
Кога немаат волја за работа, повеќето луѓе се зафаќаат со помалку важни работни задачи, кои само им го одвлекуваат вниманието од поважните задачи. На тој начин си создаваат привид дека нешто работат, но со намалена продуктивност. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, запрете за момент и визуелизирајте го извршувањето на покомплексната задача. Исто така, визуелизирајте што би се случило ако продолжете да ја одлагате. Најверојатно, тоа ќе ве поттикне што поскоро да се зафатите со поважните обврски.
Од друга страна, пак, кога се работи за повеќе помали и едноставни задачи што треба да се завршат, повторно се појавува тенденција на нивно поттурнување за подоцна. Треба да имате предвид дека и тие мали и едноставни задачи, иако се помалку важни, треба да се завршат, бидејќи може да се натрупаат и од мал да станат крупен проблем. Визуелизирајте што би се случило ако не ги завршите навреме своите дневни работни задачи.
Направете стратегија
Сигурно добро ви е познато она чувство на мрзеливост, кога ништо не ви се работи? Кога осеќате дека би умреле ако се зафатите со нешто? Во тие моменти многу е тешко да се подигнете, особено ако задачата што ве чека е мачна и демотивирачка.
За жал, не постои рецепт досадната работна задача да ја претворите во интересна. Но, тоа што можете да го направите е да имате методологија за
работа и да не започнувате со поинтересните задачи, пред да ги завршите досадните. Исто така, смислете начин како побрзо и поефикасно да ја завршите досадната работа.
Позитивен став
Добивте нова задача за која сте одговорни, но не знаете од каде да почнете со нејзино извршување? Се плашите од можните грешки и последици, а тоа ве спречува да се зафатите со задачата. Одолговлекувањето само може да ви направи поголема штета, бидејќи со текот на времето ќе ви се намалува самодовербата. Обидете се да мислите позитивно и да го предвидите успехот. Повикајте позитивни луѓе да ви помогнат во завршувањето на задачата или да ви дадат корисни насоки и совети. Многу е важно да не се грижите за ситниците што би произлегле од работата, бидејќи тие нема далеку да ве одведат.