X
 29.09.2016 Живот

Откриена е причината зошто некои луѓе постојано доцнат

Во една студија што испитувала зошто одредени луѓе доаѓаат доцна на состаноци се дошло до заклучок дека различни типови на личности имаат различна перцепција за времето. Се смета дека САД губи 90 милјарди долари на годишно ниво како резултат на доцнењето на луѓето.

трчање


Во студијата на учесниците им биле доделени тестови за оценување на личноста, а потоа биле категоризирани во две групи. Во група А припаднале оние што се брзи, целно ориентираните и понекогаш непријателски настроени, а во група Б оние што се поопуштени и што имаат навика да доцнат. Се покажало дека најочигледната причина за доцнење е затоа што неуспешно се проценува колку долго би одзела одредена задача или попознато како заблуда на планирање.

Учесниците поминале низ 3 теста и членовите на првата група процениле дека една минута е помината за 58 секунди, а оние од група Б сметале дека минутата завршила кога всушност поминале 77 секунди. Значи, станува збор за проблем со менаџирањето на времето, а не за личниот поглед на светот околу личноста.

Психолозите велат дека дури луѓето што се трудат да се променат, а доцнат често, се соочуваат со големи потешкотии трајно да си ја променат перцепцијата на времето.

На која група припаѓате вие?
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот