X
 03.03.2018 Живот

Занимања со најголем број слободни работни места во Македонија

rabotno mesto

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година стапката на слободни работни места изнесувала 1,33%, односно имало 6.534 работни места.

Највисока стапка на слободни работни места се забележува во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најниска стапка на слободни работни места се забележува во јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Кога станува збор за региони, Пелагонискиот има највисока стапка на слободни работни места - 2,35%, додека најголем број слободни работни места има групата работници во услужни дејности и продажба - 2.432.

Занимања со најголем број слободни работни места:

Работници во услужни дејности и продажба - 2.432
Ракувачи и составувачи на машини и постројки - 975
Техничари и сродни занимања - 906
Елементарни занимања - 745
Занимања за неиндустриски начин на работа во производството - 563
Службеници - 419
Стручњаци и научници - 403

Целосното соопштение можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот