Шпиц е време во текот на денот, најчесто наутро и попладне, кога најголем број луѓе ги користат патиштата за да дојдат на работа, да одат на работа или да си одат од работа.
Дефиниција за Rush Hour
Тргнувајќи од дефиницијава, сакале да признаеме или не, ние сме во шпиц 24/7. Порано можеби имаше период кога фреквенцијата на луѓе е во некој интервал, но сега не е така. Ако го прифатиме ова, ќе ни биде полесно да знаеме што да правиме во тој момент.
А од друга страна, пак, сите сме свесни дека сме во шпиц и сепак како најчест изговор за нашите доцнења за извршување на работите е баш шпицот. И така се вртиме во круг, а идејата е како да извлечеме максимум позитивно за нас, а со тоа и на другите, а не да се нервираме и да доаѓаме нервозни на крајната дестинација.
- Тргнете на време – со тоа воопшто нема да почувствувате дека сите околу вас се во шпиц и ќе дојдете порелаксирани на местото каде што сте требале да бидете.
- Најавете можно доцнење – ако веќе сте свесни дека доцните на договореното место, најавете го и предвидете го реалното време на пристигнување. Со тоа го цените времето на тие со коишто сте се договориле, а и вие ќе бидете порелаксирани, барем ментално дека сте се јавиле (сите имаме мобилни денес, нека не ве мрзи).
- Немојте да се нервирате – прифатете дека сте во шпиц и дека едноставно ќе доцните таму каде што сте сакале да дојдете. Ако можете нешто да промените, направете го тоа, но ако мислите дека сте дале максимум, немојте да се нервирате. Тоа не е добро, пред сè за вас.
- Завршете некои работи – заглавени во некој сообраќај, искористете го времето за некои планови што сте сакале да ги размислите, но никогаш не сте нашле време за тоа. Е, овој период е токму тоа време.
- Време за вас – искористете го периодот додека сте во кола да јадете, не се знае кога повторно ќе имате слободно време. Пуштете убава музика. Сменете станица, слушајте нешто друго. Искористете го тоа време само за вас!
- Промени - пробајте да најдете нови патчиња за да стигнете до крајната дестинација. Ако пак заглавите од тие нови патчиња, размислете следниот пат дали и нив да ги користите. Користите и подолги патишта. Истражувајте ја околината.
Што и да направите, за да си олесните на себеси во тој период, најважно е да прифатите дека сте во таков дел од денот, но гледајте тоа да не ви се повтори. Планирајте го убаво времето, и немојте да дозволувате метежот да ви влијае на расположението. Ако веќе почесто ви се случува, има и други превозни средства кои може да ги користите.
Со успех во промените,
Калин Бабушку
„Tip of the week“