X
 03.10.2016 Живот

Метод за среќен и исполнет живот по кој полуде светот

Мари Кондо е јапонска писателка што светот ја препознава по нејзината книга The Life-Changing Magic of Tidying Up (Магично средување што ќе ви го промени животот). Во неа таа ветува дека животот може да биде посреќен и поисполнет само применување на методот за средување на предметите во домот.

облека


Клучната работа според неа е да ги извадите сите работи надвор и да се запрашате дали некој од предметите во прави среќни. Таа вели дека не треба да се чисти по простории, туку по категории: облека, книги, чевли итн. наместо кујна, соба за дневен престој, бања итн. За облеката вели дека сме најмалку сентиментални и поради тоа препорачува првин на неа да се применат овие методи. Извадете ја надвор и сé што не ве радува подарете, фрлете или донирајте. Ќе бидете мирни и среќни и ќе се решите од навики што ве оптеретуваат.

Почитувајте ги своите работи


Мари во својата книга советува да размислете за чувствата на предметите: дали се среќни кога се зафрлени во некој агол од куќата или плакарот? Дајте им можност да ги користите или напревете среќен некој друг.

Не составувајте туку тркалајте

Откако ќе се одлучите што да задржите, а што не, Мари Кондо предлага да ги завиткате парчињата облека во ролна и да ги наредите во плакарот. Мајците составете ги како и претходно, но на крај завиткајте ги една до друга во фиоката. За чорапите препорачува да се завиткаат и да стојат исправени. На поголемите полици поставете ги џемперите и дебелите кошули, а во помалите – чорапите и потенките кошули.

Штом еднаш ќе го уредите плакарот ќе се заљубите во него, според читателите што веќе ги примениле методите, а причината за тоа е затоа што на тогаш облеката конечно го видела светлото на денот.


мари кондо
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот