Во далечната 1955 година бил испечатен прирачник за жени под името “Куќна економија“. Еве неколку совети од тоа четиво:
“Подгответе вечера на време. Планирајте ја наутро или дури претходниот ден, за вашиот сопруг да дочека вкусен оброк кога ќе се врати од работа“.
Подгответе се за вашиот сопруг
Одморете се 15 минути пред неговото доаѓање дома, за да бидете освежени кога тој ќе стигни дома. Поправете ја шминката, ставете лента за коса и изгледајте свежо.
Намалете ја бучавата
Кога вашиот сопруг ќе се врати од работа, исклучете ги сите куќни апарати и поттикнете ги децата и тие да се стишат. Бидете среќни што го гледате. Послушајте го, иако можеби морате да му кажете многу нешта, немојте тоа да го правите по неговото доаѓање дома. Нека тој прво зборува, сигурно има поважни нешта на ум од вас.
Не пречете му
Не жалете се ако вашиот сопруг дојде доцна навечер или ако сака да оди некаде на вечера без вас. Не сомневајте се во неговата способност на расудување или интегритет. Не заборавајте дека тој е господар на куќата и како таков секогаш ќе ја спроведува својата волја чесно и праведно.
Запомнете, добрата жена си го знае своето место.
Save