X
 10.07.2017 Курсеви

Остров кој е забранет за жени на листата на светското наследство на Унеско

Окиношима е едно од најсветите места во Јапонија и има огромна вредност според Унеско, иако е забранет за жени.

Светската комисија на Унеско за наследство на состанок во Краков, Полска, одлучила тој остров да го запише на списокот со највредни места на културата во светот. По предлог на Јапонија, советодавното тело на Унеско тој статус го прошири и на цел комплекс храмови „Мунаката таиша“, кој опфаќа и други локации.

Островот може да се посети само еднаш годишно, на 27 мај, можат да дојдат најмногу 200 посетители и тоа мажи кои претходно ритуално се капеле во морето. На островот преку целата година живее само еден шинтоистички свештеник.

Некои учесници на дебатата имале забелешки за запишувањето на тој остров во регистарот затоа што на жените им е забранет пристап, што претставува дискриминација, но директорот на Центарот за светско наследство, Мехтилд Реслер, одговорил дека постои преседан - Света Гора во Грција каде што на жените исто така им се забранува пристап.

Јапонската влада го поздрави потегот на Унеско, а островот е 17. знаменитост на државата на листата на организацијата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Курсеви