X
 06.10.2016 Култура

Едноставни нешта за кои Германците имаат многу зборови

Германскиот јазик има богат вокабулар и колку и да сметате дека сте го совладале секогаш може да се изненадите со повеќе варијанти на еден збор, во зависност од тоа каде во Германија се наоѓате.

германски јазик


Ова се должи на регионалните дијалекти и се сретнува особено кај кулинарските традиции затоа што населението од секој регион се држи до своите термини, иако во основа може да станува збор за сосема ист рецепт. Германскиот дневен весник Шпигел објавил примери за едноставни зборови што се користат во Германија, а имаат повеќе варијанти.

1. За „икање“ постојат 25 различни зборови: стандардниот литературен термин е Schluckauf. Во регионот Франконија (во централна во јужна Германија се користи Hädscher, ако се движите уште појужно ќе слушнете Hecker, Schnackler или Schnackerl во Австрија, а Hitzgi во Швајцарија.

2. За „палачинка“ постојат 12 зборови: во најголем дел од земјата се користи терминот Pfannkuchen, но во и околу Берлин тој се користи за крофни полнети со желе. За „палачинки“ се користи зборот Eierkuchen. На западниот дел, особено околу границата со Франција и во делови од Швајцарија тие се Das Omlett или die Omelette. Plinse или Plinz може да се сретне во Лајпциг или долж границата со Полска, а во Австрија се  Palatschinke или Palatschinken.

3. Се користат 15 различни зборови за „плескавица“: германската кујна вклучува многу мелено месо во различни облици. За да добиете плескавица во централниот западен дел до северо-запад нарачајте Frikadelle, но на југо-запад побарајте Fleishküchle. Во источните делови, особено во Лајпциг се користат термините Klops и Kloss. Fleischplanzl и Fleischpflanzerl се сретнуваат во Баварија, особено во Минхен.

4. Има 10 варијанти за „влечки“: Shuluffen се користи само во западниот дел на Рајнската област и можеби во Франкфурт, а речиси во целата земја е познат терминот Hausschuhe. На истокот се користи Bambuschuen.

5. Постојат 14 можности за пасирани компири: Германците на југ најчесто велат Erdapfel наместо добро познатото Kartoffel. На тој темин се додава наставка на крајот во зависност од тоа каде се наоѓате: -brei, püree или –stock. Населението од истокот близу Полска и Чешка имаат свој збор за пасиран компир – Mauke.

6. Германскиот јазик има повеќе од 50 зборови за крајното парче од лебот:

    Kanten – низ цела Германија
    Kante – поголем дел од земјата
    Anschnitt – најмногу во покраината Баден-Вуртемберг
    Anhau – делови од Швајцарија
    Kipf – најмногу Јужна Германија, околу Минхен
    Kipfel – најмногу Јужна Германија и Хесе
    Ranft – Јужна, Централна и Источна Германија
    Ränftchen – централниот дел на Источна Германија
    Raftl – не е толку чест: делови од Јужна Германија и Австрија
    Rankl – најмногу Баварија
    Rämpftla – Баварија и Саксонија
    Knorze – Хесе и Рајнската област-Пфалц
    Knorzen - Франкфурт
    Knust – низ цела држава
    Knüstchen – централниот дел на Западна Германија
    Knietzchen – Централна Германија
    Kniesje – до границата со Франција
    Knäuschen – најмногу на запад и југо-запад
    Knäusle - најмногу во покраината Баден-Вуртемберг
    Knerzel - Хесе и Рајнската област-Пфалц
    Knetzla - Mostly Cologne and Nurenberg
    Knerzje - Рајнската област-Пфалц
    Scherz – делови од Баварија и Австрија
    Scherzel - делови од Баварија и Австрија
    Zipfel - Виена, делови од Швајцарија и Јужна Германија
    Kruste – најмногу Западна Германија и Франкфурт
    Krust - Кохем, Рајнската област-Пфалц
    Krüstchen - најмногу Западна Германија
    Kirschte – делови од Западна Германија
    Kierschtsche - делови од Западна Германија
    Korscht - делови од Западна Германија
    Kuuscht - делови од Западна Германија
    Kürstchen - делови од Западна Германија
    Knäppke – Западна и Северозападна Германија
    Knippchen - делови од Западна Германија
    Mürggu - Швајцарија

    Mirggel – делови од Швајцарија
    Muger - делови од Швајцарија
    Mutsch - делови од Швајцарија
    Küppla – делови од Северна Баварија
    Küpple – Централна Германија
    Köppla - делови од Северна Баварија
    Kübbele - Централна Германија
    Reifle – делови од Јужна Германија
    Riebele – Баден-Вуртемберг, Бон и Хамбург
    Rindl – делови од Баварија и Источна Германија
    Chäppeli - Швајцарија    Chäppi - Швајцарија
    Houdi - Швајцарија
    Das Ende – различни делови од Германија
    Scherzerl – делови од Баварија и Австрија

Кој збор од листата ви се допадна најмногу?

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура