X
 06.10.2016 Технологија

Предности и недостатоци на полнењето на смартфони со USB-C кабел

Повеќето, ако не и сите, Андроид телефони ќе имаат следната година полнење со USB-C. Се очекува нови телефони од “Google“ оваа недела, и вие можете да се обложите дека тие ќе бидат со USB-C, исто како и минатите изданија. “Samsung“ и “Motorola“ исто така се движат кон смартфони кои се полнат со USB-C кабли.

Смартфоните со оваа вешта, порта, се однесуваат поинаку од старите телефони со “Micro USB“ врска за приклучок. Ако мислите да купувате еден од овие нови телефони, еве што треба да знаете.


полнење на смартфони


Она што е различно?


Прво, USB-C го полни вашиот телефон брзо. Многу брзо. Тип C на напојувачките кабли може да се справи до 100 вати (20V, 5A). Ова е многу-повеќе од доволно за полнење на лаптоп. Повеќето телефони, сепак, ќе користaт далеку помалку од овој капацитет за полнење на батеријата. Но, можноста цела енергија да се пробива преку USB-C кабел значи дека производителите на телефони може да ги искористат предностите за нови стандарди за управување со енергија, како брзо полнење.

Брзото полнење дава непрекината “експлозија“ на струја што ја полни батеријата до 80 проценти за околу половина час. Потоа, тоа ги бира контролите на андроид телефонот за побавно да ги достигне останатите 20 проценти од батеријата. Со цел да се добие целосна полза од брзите способности за полнење со USB-C, вие треба да ги користите вистинските кабли.

Обликот на приклучокот за USB-C е ист без разлика на кој начин го држите. Исто така, USB-C кабелот што доаѓа со телефонот е двонасочен, па така крајот кој се приклучува на телефонот и другиот крај кој е приклучок за полначот, се со иста големина и форма. Но, тоа е меч со две острици. Приклучокот за USB-C не може да се вклучи директно во вашиот компјутер за полнење на вашиот телефон.

Повеќето од USB-C кабли се три стапки во должина. Ова значи дека не може да лежите во кревет, додека се полни вашиот телефон во исто време, бидејќи нема да го достигнете кабелот. Се разбира, може да купите уште еден кабел со поголема должина, но потоа ќе дознаете дека релативно нов USB-C кабел се продава по изненадувачки скапи цени. Овие кабли се сѐ уште ограничени во малопродажните места. Дури и ако вашата локална продавница има залихи, тие исчезнуваат брзо. Ќе треба да се потпираат само на онлајн продавниците.


Совети за купување


Квалитетот варира значително, исто така. Постојат неколку познати големи компании кои прават висококвалитетни кабли, а потоа има еден “куп на ѓубре“. Држете се до брендовите кои ги знаете и во кои имате доверба, и одбегнувајте да   бидете искушувани од ниските цени или позитивните критики на Амазон, кои понекогаш се напишани од луѓе кои добиле бесплатни кабли, а во замена пишуваат критика.

Ако одите на евтини варијанти имате поголем ризик да добиете дефектен кабел. Постојат веб-сајтови и блогови кои даваат совети, еден од нив е Android Authority, кој може да ви каже кои USB-C кабли се најдобри.

И морате да ги обновувате залихите на вашите кабли. Сите кабли што ги имате сега нема да работат за оваа порта без адаптер. Ако користите микро-USB или USB-C адаптер, често ќе ги губите бенефициите за брзо полнење. Каблите со адаптери се уште може да го полнат вашиот телефон, но ќе го прават тоа полека.

Исто така мал AC адаптер во кој ќе го приклучите вашиот кабел ќе треба да има USB-C порта на неа. Ова значи дека ќе треба да купите USB-C AC адаптер. Таа мала коцка  што сте ја користиле за полнење на вашиот “iPhone“ или вашиот “Мото G“ нема да работи со USB-C кабел.

Кога купувате нов телефон, инвестирајте во целиот резервен полнач, нешто каде AC адаптер и кабелот за USB-C доаѓаат во заедно во пакет. Ова ќе ве спаси од главоболките со лош квалитет и компатибилност, и ќе ги добиете сите предности на брзо полнење.

Освен тоа, купете неколку микро-USB и USB-C кабли и микро-USB и USB-C адаптери. Чувајте ги овие наоколу, па можете да ги користите во итен случај. Вашиот телефон ќе се полни полека, но тоа е подобро отколку воопшто да не се полни.  
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија