X
 06.10.2016 Култура

Тајна кинеска нуклеарна база отворена за туристи

Лавиринт изграден за производство на плутониум и илјадници тони експлозиви. 826 Нуклеарната воена централа, поранешна тајна Кинеска база, е речиси 20 километри широка, а содржи 178 пештери и повеќе од 130 патишта и тунели.



Најголемата пештера во светот создадена од човекот, била пуштена во употреба во 1960 година, кога Пекинг стравувал од потенцијален нуклеарен напад од Советскиот сојуз.

Повеќе од 60 илјади инженери војници учествувале во конструкцијата и речиси 100 од нив загинале во текот на самиот процес на изградба.



Скриена е длабоко во планините Фулинг, во централна Кина и може да издрќи земјотрес од дури 8 степени по Рихтер.

Најдолгата пешетра е речиси 80 метри висока, како 20-катна зграда, а тунелите се доволни широки за низ нив да може да се вози.



Звучи како одлично место за прикривање за злобните ликови од филмовите на Џејмс Бонд. Интересно е што оваа градба никогаш не била изложена на дневна светлина. Потребни биле 17 години за изградба и точно пред самиот крај на градењето, активностите биле прекинати заради промените во политиките за време на Студената војна во 1984 година.



Откако многу години била чувана во тајност, во 2002 официјално било објавено нејзиното постоење. Подлежела на интензивна реконструкција, а сега е отворена за странски посетители.



Во моментов располага со модерно осветлување и звучен систем, содржи и нуклеарен научен центар како и одвивање на различни егзебиции посветени на патриотската едукација и историја.



Турата на ова место трае три часа и посетителите мора да се движат со водичи, за да не се изгубат низ лавиринтите.

Од таму пак велат, дека во оваа база никогаш не бил складиран нуклеарен материјал, па местото не е изложено на радијација.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура