Скоро две милијарди деца низ целиот свет живеат во околини кои страдаат од
загадување на воздухот. Чадот од возилата, масовното користење на гориво, остатоци од прашина и пепел влијаат негативно на здравјето на голем број од децата на оваа планета. Едно од седум деца живее во околини каде нивото на токсичност е максимално - дури шест или повеќе пати поголемо од дозволеното, тврдат експертите.
Високите нивоа на
загадување на воздухот го зголемуваат ризикот од астма, срцев удар и рак на белите дробови – и научниците изјавувват дека децата се тие кои се најчувствителни на ефектите од загадениот воздух.
UNICEF за прв пат искористи сателитски слики за да покаже колку деца се изложени на загаден воздух кој ги надминува границите на дозволеното, а поставени се од Светската Здравствена Организација. Јужна Азија има најголем број на деца кои живеат во вакви услови - 620 милиони главно во северна Индија, додека 520 милиони во Африка. Во Источна Азија и Пацифичкиот регион има околу 450 милиони деца кои живеат во средина каде што се надминуваат границите на дозволеното.
Директорот на UNICEF Антони Лејк изјавил дека загадувањето на воздухот е еден од главните причини за смртта на околу 600,000 деца кои се под пет години , а е и закана за животите и иднината на уште милион други деца секој ден. Загадувачите не само што имаат штетно влијание на белите дробови на децата, туку влијаат и на нивните мозоци кои се во развој и можат трајно да ги оштетат, а со тоа и нивната иднина.
Познато е дека децата се многу поранливи отколку возрасните, затоа што нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем им се се уште во развој. Помладите исто така дишат побрзо од возрасните и со тоа вдишуваат повеќе воздух. Честиците навлегуваат длабоко во белите дробови и крвотокот каде што можат да предизвикаат разни болести. Исто така ранливи се и лицата кои веќе имаат други здравствени проблеми.
Но во Њу Делхи, главниот град на Индија зголемениот број не е толку изненадувачки. Таму загадувањето на воздухот е најлошо и се покачува секоја зима поради слабите ветрови и безбројните огнови кои луѓето ги палат за да се стоплат.