X
 13.10.2016 Живот

Погледнете како изгледа најкраткиот авионски лет во светот

Во зависност од брзината на ветерот, од еден до друг остров може да се пристигне за само 47 секунди, иако за ова растојание од 2.7 километри обично се потребни околу две минути патување со воздушен сообраќај.

Авионот е одлично превозно средство за патување на далечни дестинации, до тешко достапните места или ако сакате да патувате за најкраток можен временски период. На патот помеѓу Westray и Papa Westray во склоп на Orkney островите патувањето се смета за најкратко во светот, кога станува збор за авио превозот.


најкраток лет


Во зависност од брзината на ветерот, од едниот до другиот остров може да се пристигне 47 секунди, иако за ова растојание од 2.7 километри обично е потребно време од околу две минути со воздушниот сообраќај. Оваа рута од 1967 година ја покрива регионална компанија “Loganair“, а трошоците за повратен билет чинат околу 27 евра.

На Papa Westray живеат само седумдесет луѓе, но овој остров во северниот дел на Шкотска има голем број на археолошки локалитети кои периодично се истражувани од голем број на професионалци и студенти, поради што и се воведе оваа линија.

Превозот се врши со авионот “Britten-Norman Islander“, кој може да смести осум патници, а во текот на неделата ќе има летови најмалку два пати на ден. До Orkneys островите се поврзани и фериботи и траекти, кои во текот на летната сезона возат најмалку еднаш неделно, но инаку се доста ретки.

Најкраткиот меѓународен лет во светот е најавен во Септември оваа година. Компанијата “People's Viennaline“ работи на линијата помеѓу Сент Гален во Швајцарија и Fridrichshafen во Германија. Одалеченоста од дваесет километри би требало да биде надмината за само осум минути.

Ова е листата со  5 најкратки летови во светот:


1. Од Westreya да Papa Westray во Шкотска со “Loganair“ (47 секунди)

2. Од Сент Гален во Швајцарија до Fridrichshafen во Германија со “People's Viennaline“ (8 минути)

3. Од Виена до Братислава со FlyNiki (10 минути)

4. Од Торонто во Канада до Нијагарините водопади со “Toronto Airways“  (12 минути)

5. Од Kinšase до Brazzavillea во Конго со “Ethiopian Airways“ (20 минути)

Во ова видео, погледнете го целиот лет помеѓу Westray и Papa Westray:


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот