X
 10.11.2023 Живот

Авионот „месершмит“, гордоста на авијацијата на Хитлер, извлечен од езерото по 80 години

Можеби авионот немало да биде пронајден доколку историчарот Кароли Маго не спроведел детална истрага.

Одамна изгубениот нацистички ловец „месершмит Бф 109“ бил соборен на 2 јули 1944 година, а бил пронајден во Западна Унгарија.

Гордоста на авијацијата на Хитлер била соборена за време на жестока воздушна битка. Авионот се урнал во езерото Балатон, но локацијата каде точно паднал авионот останала мистерија.

Споменатата битка се случила откако Американците го извршиле најголемиот воздушен напад врз цели во Унгарија. Тамошните кралски воздухопловни сили испратиле 18 авиони во борба со 620 бомбардери со четири мотори и 300 ловци.

Многу побројни, повеќето од нив биле соборени. При оваа самоубиствена мисија животите ги загубија тројца пилоти, меѓу кои и Шандор Б.

Авионот „месершмит“ им се приклучил на унгарските воздухопловни сили кои се бореле на страната на Германците за време на Втората светска војна.

Можеби авионот немало да биде пронајден доколку историчарот Кароли Маго не спроведел детална истрага и не го лоцирал. Со помош на нуркачи, неговите делови биле извлечени од длабока кал, а акцијата била спроведена во септември 2020 година.

На социјалните мрежи беа објавени неверојатни видеа од вадењето и чистењето, а може да се види капакот на авионот, уништениот пропелер итн.



- Ова откритие е посебно. Освен примерот на Балатон, нема друг преживеан унгарски борбен авион „месершмит“ во светот - објасни Маго.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот