X
 08.02.2016 Образование

Писмото од наставниците до сите родители

Писмо, кое за прв пат се појави на блогот на Ејми Мареј, и кое покажува низ што наставниците поминуваат за нивните ученици.

 

nastavnik


„Почитувани родители,

Знам. Загрижени сте. Секој ден вашето дете си доаѓа дома со приказната за ТОА дете. Детето кое секогаш ги удира, турка, гребе и каса другите деца. Детето кое секогаш мора да ми ја држи раката. Детето кое се качува на оградата и покрај тоа што постојано му кажувам да не се качува.

Загрижени сте дека тоа дете ќе му го одвлекува вниманието за време на учењето на вашето дете. Загрижени сте токму тоа дете одзема ми одзема многу време и енергија, и дека вашето дете нема да добие воопшто. Загрижени сте дека можеби ќе повреди некое од децата некој ден. Загрижени сте дека „некој“ може да биде вашето дете. Загрижени сте дека вашето дете ќе започне да користи агресија за да го добие она што го сака. Загрижени сте дека вашето дете ќе пропушти многу учење бидејќи јас нема да бидам во можност да забележам дека се бори да го држи моливот. Знам.

Вашето дете, оваа година, во оваа училница, на оваа возраст, не е ТОА дете. Вашето дете не е совршено, меѓутоа генерално, тоа ги следи правилата. Може да дели играчки на мирен начин. Не фрла. Ја крева раката кога сака да каже нешто. Работи кога е време за работа и игра кога време е за игра.

И јас сум загрижен/а како вас.

Јас се грижам постојано. За СИТЕ нив. Се грижам за држењето на моливот, за буквите на друго дете, се грижам бидејќи едно дете се срами, а на другото постојано му е празна кутијата за ручек. Се грижам дека палтото на трето дете не е доволно дебело за да му биде топло, и поради тоа што таткото на друго дете вика бидејќи таа не ја пишува правилно буквата Б. Поголемиот дел од моето време го поминувам грижејќи се за овие работи.

Знам, вие сакате да зборувате за ТОА дете.

И јас сакам да зборувам за ТОА дете, меѓутоа постојат многу работи кои не можам да ви ги кажам. Не можам да ви кажам дека ТОА дете е посвоено.

Не можам да ви кажам дека е постојано гладно. Цело време.

Не можам да ви кажам дека неговите родители се на сред ужасен развод, и дека тоа мора да остане кај баба си.

Не можам да ви кажам дека започнувам да се сомневам дека бабата пие.

Не можам да ви кажам дека лековите против астма го прават вознемирен.

Не можам да ви кажам дека неговата мајка е самохрана мајка која се обидува да престигне да направи се`.

Не можам да ви кажам дека тоа е сведок на семејно насилство.

Веројатно ова според вас е во ред. Сфаќате дека не смеам да споделувам лични информации или семејни информации. Вие само сакате да знаете што јас преземам во врска со однесувањето на тоа дете.

Би сакал/а да ви кажам. Но не можам.

Не можам да ви кажам дека има потешкотии со говорот, и дека неговата агресија е поврзана со фрустрацијата поради неможноста да зборува.

Не можам да ви кажам дека се среќавам со неговите родители секоја недела, и дека и двајцата обичо плачат на тие состаноци.

Не можам да ви кажам дека прецизно ги следам неговите агресивни инциденти.

Не можам да ви кажам колку пати низ солзи сум ги молел/а моите колеги да внимаваат на ова дете, да бидат добри и љубезни со ова дете дури и тогаш кога се изнервирани дека удрило друго дете в лице, пред наставникот.

Постојат многу работи што не можам да ви ги кажам за ТОА дете. Не можам ни да ви ги кажам добрите работи.

Не можам да ви кажам дека неговата задача во училницата е да ги наводнува растенијата, и дека му беше скршено срцето кога виде дека едно од растенијата овенало во текот на зимскиот распуст.

Не можам да ви кажам дека кога друго дете плаче, тоа оди и го теши.

Драги родители, јас можам да зборувам само за вашето дете. Она што можам да ви го кажам е:

Ако некогаш, во било кој момент, вашето дете стане ТОА дете, треба да знаете...

Јас не им кажувам лични и семејни информации на другите родители.

Јас ќе комуницирам со вас често, јасно и љубезно.

Ќе ви ја држам раката кога ќе плачете.

Ќе се залагам за вашето дете и семејство да добие специјализирани услуги со највисок квалитет и ќе соработувам со тие професионалци најдобро што можам.

Ќе се погрижам вашето дете да ја добие сета љубов и внимание кога му е најпотребна.

Ќе бидам гласот на вашет одете во нашето училиште.

Без разлика на тоа што ќе се случи, јас ќе продолжам да ги барам добрите, неверојатни, посебни и прекрасни работи во вашето дете.

И ќе ве потсетам и вас и него за прекрасните работи кои ги поседува, повторно и повторно.

А кога друг родител ќе дојде кај мене, загрижен за вашето дете...

Јас ќе им го повторам ова, повторно.

Со љубов,

Наставникот/Наставничката
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование