Откако граѓаните се побуниле и се здружиле против насилството и самоволието на власта, Черан се трансформирал во место во кое владее среќа, благосостојба и мир.
Во Мексико цвета криминалот, но не и во градот Черан.
Жителите на градот ја истерале полицијата, но и корумпираните политичари и криминалци. Стапката на криминалитет е сведена на минимум, но граѓаните сами се грижат за својот град, а така е уште од 2011 година.
Градот брои 13 илјади жители, опкружен е со прашума која корумпираните политичари заедно со богатите криминалци ја окупирале, за да направат плантажи со авокадо. Целото подрачје било под контрола на
нарко картел.
Локалното население на крајот не можело да ја издржи таквата ситуација, па се побунило, а ситуацијата ексалирала кога окупирањето на прашумата го ставила под знак прашалник и изворот на вода за пиење за граѓаните.
Жена по име Маргарита Елвира Ромеро била првата која се побунила. Се обидела на работниците да им ја објасни ситуацијата и ги молела да не ја окупираат и уништуваат шумата, но тие ја навредиле и и се заканиле со оружје. Кога се вратила во градот, со сограѓаните им организирале заседа.
Маргарита рекла дека било како во хорор филм, но тоа била најдобрата работа која ја направила. Најпрво ги фатиле дрвосечачите и ги заробиле. Потоа дошла полицијата и локалните политичари за да ја решат ситуацијата со насилство, но не успеале.
Жителите на градот се обединиле и од градот ги истерале работниците кои ја пустошеле шумата, полицијата и политичарите. Денес локалците се грижат за сигурноста во градот, а забранети се сите политички партии. Народот бира надредени лица кои ќе владеат со градот, а тоа можат да го прават најмногу три години.
Од 2011-та година откако се случил бунтот, во
Черан не се случило ниту едно убиство или киднапирање, а најголемите прекршоци се мали, воглавно предизвикани од алкохолизирана состојба. Прашумата полека се опоравува, но се уште постои стравот дека протераните повторно ќе го заземат градот, па граѓаните секојдневно патролираат за тоа да не се случи.
Черан е редок пример на вакво заедништво помеѓу своите жители. Многу други се обиделе да го направат истото, но не успеале. Сепак, овој мексикански град останува како пример за надеж и доказ дека со слога може да се постигнат големи резултати.