Голем дел од невработените лица што активно бараат работа и конкурираат на работни позиции што се огласени, знаат дека за позицијата што се бараат кандидати често веќе има соодветно лице
Веројатно и поради овој факт, од Приватната здравствена установа „Medical“ во Бијељина на распишаниот оглас за доделување специјализација, допишале назнака за потенцијалните кандидати. Освен описот на општите и посебните услови пропишани со закон, посебно е истакнато дека
огласот не е наместен.
Директорот и сопственик на здравствената установа, Винко Јуриќ, потврдил дека конкурсот е вистински и е мотив за соодветните кандидати да аплицираат. Тој дополнува дека нема близок човек на кого би му ја наместил специјализацијата, но, иако конкурсот бил распишан и минатата година, никој не се пријавил.
„Имаме желба да ја вратиме довербата во луѓето за тие со својата професија и знаење да дојдат до специјализација. Јас не сум во ниту една партија, и не ме интересира политика“, вели Јуриќ, кој воедно е и професор на Медицинскиот факултет во Фоча.
Огласот е хит на регионалните медиуми, а професорот Јуриќ постојано добивал повици од новинари од Босна, Хрватска и Србија.