X
 25.03.2024 Здравје

Што се случува со вашиот организам ако секојдневно внесувате витамин Ц

Луѓето обично го зголемуваат внесот на витамин Ц кога чувствуваат симптоми на настинка или грип. Болеста ве потсетува на вашата имунолошка функција, па затоа можеби се прашувате дали треба да земате витамин Ц секој ден.

Витаминот Ц најчесто се споменува при консумирање на цитроните. Тој е клучен хранлив антиоксиданс кој поддржува различни телесни функции. Се нарекува и Л-аскорбинска киселина, а се работи за витамин кој е растворлив во вода.

Иако повеќето цицачи можат без проблеми да произведуваат витамин Ц во своето тело, луѓето мора да го добијат преку храна или како додаток. Според експертите, препорачаниот диететски внес за луѓе постари од 19 години е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени.

Витаминот Ц е неопходен за формирање колаген, витален дел од сврзното ткиво кое помага за зараснување на раните. Дополнително, витаминот Ц ја промовира апсорпцијата на железото, особено нехемското железо кое се наоѓа во растенијата. Сепак, постојат голем број други функции кои овој витамин ги поддржува.

Така, редовното внесување витамин Ц го поддржува вашиот имунитет. На кожата ѝ треба нормално ниво на витамин Ц за да се одржи здрава бариера која спречува штетните патогени да влезат во телото. Ниското ниво на витамин Ц може да ве направи поподложни на болести. Како антиоксиданс, витаминот Ц ги штити клетките од оксидативно оштетување и ги регулира антиинфламаторните патишта, помагајќи да се намали воспалението, а со тоа и ризикот од хронични здравствени состојби.

Интересно е што може да спречи труење со олово, чие најмало количество може да влијае врз здравјето. Според Центрите за контрола и превенција на болести, рутинското јадење храна богата со железо, калциум и витамин Ц, може да помогне во заштитата од труење со олово. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се разберат корисните ефекти.

Познато е дека витаминот Ц го подобрува нивото на железо во човечкото тело. Недостигот на железо е најчестиот недостиг на микронутриенти, а неговата апсорпција можете да ја зголемите со земање витамин Ц.

Затоа, витаминот Ц може да биде безбеден на дневна основа. Сепак, корисно е да знаете дека дневните потреби можете да ги задоволите со јадење храна богата со овој витамин. Вишокот витамин Ц, исто така, може да влијае врз нивото на витаминот Б12 и бакарот и да предизвика ерозија на забната глеѓ.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје