X
 23.09.2019

Филипинците ја поддржуваат војната на Дутерте против дрогата

Анкети на јавното мислење на Филипините покажаа дека граѓаните таму се повеќе од задоволни од крвавата војна против дрогата што ја започна претседателот Родриго Дутерте, што ѝ дава дополнителен стимул на владата критикувана од меѓународната заедница.

Дури 82 проценти од испитаниците во истражувањето спроведено на крајот од јуни оваа година на 1.200 лица се задоволни од намалувањето на употребата на дрога и криминалот на Филипините. Само 12 проценти се незадоволни затоа што веруваат дека трговијата со дрога сè уште е во пораст, а има премногу убиства и злоупотреби на полицијата, додека 6 проценти се неопределени.

Резултатите од анкетата беа објавени по два дена откако претседателот им нареди на државните компании и институции повеќе да не примаат помош или заеми од 18 земји на УНХЦР, вклучително и Шпанија, Велика Британија и Австралија, бидејќи тие ја поддржаа резолуцијата за истрага на полицијата и однесувањето на Дутерте.

Полицијата соопшти дека досега се убиени 6.700 дилери на дрога што се спротивставувале на апсење и негираат вмешаност во нерешени убиства на илјадници други наркомани. Полицијата, исто така, ги отфрла другите обвиненија од страна на организации за човекови права за тоа дека извршуваат убиства за свои цели, дека фалсификуваат извештаи и местат докази на места на злосторствата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk