X
 17.11.2016 Економија

На кој начин Доналд Трамп ја изградил империјата и станал богат?

Контроверзниот могул, Доналд Трамп, кој беше 45-ти претседател на Америка, може да се пофали со нето вредност од милијарди долари со што може да се каже дека бил еден од најбогатите претседатели на сите времиња.

Роден во богато семејство, Доналд Трамп направи неколку успешни инвестиции во недвижен имот на пазарот на Менхетен во 80-тите пред транзицијата во 1990 година. Тој купи голем број лиценци за натпревари за убавина, фудбалски тимови, телевизиски емисии и модни линии и со секоја инвестиција тој го внесувал својот бренд. Секогаш весел, забавен - пазарот го обожаваше овој човек. На некој начин Трамп го изгради своето богатство едноставно од фактот што неговото име беше Доналд Трамп.

Богатството на семејството Трамп

Ттаткото на Трамп. Фредерик Христос „Фред“ Трамп, создаде прилично големо богатство со изградба и продажба на станови за американските војници и нивните семејства во Втората светска војна. Токму во компанијата за недвижности на неговиот татко Доналд започнал да учи за овој бизнис. Во 1971 година тој ја презел контролата и ја преименувал во „Тhe Trump Organization“. Воглавно се насочил кон инвестиции во недвижен имот, особено со големи згради и Федералната администрација за домување - сето ова во њујоршката област.

Пресвртницата на Трамп се случи во 1980 година со „Holiday Inn,Corp.) градејќи го хотелот и казино комплекс „Harrah's at Trump Plaza“ во Атлантик Сити, вреден 250 милиони долари.

Трамп подоцна ги купил акциите од неговите партнери и го преименувал хотелот во „Trump Plaza Hotel and Casino“. После успехот на овој хотел, Трамп купил уште еден имот во Атлантик Сити од „Hilton Hotels“ за 320 милиони долари. Откако синџирот на хотели не успеал да добие дозвола за играње, класично за Трамп тој го преименувал во „Trump Castle“.

Неуспесите на Трамп

Во 1988 година Трамп го купил „The Plaza Hotel“ за повеќе од 400 милиони долари и потрошил дополнителни 50 милиони за реновирање на ентериерот и екстериерот под раководство на неговата сопруга, Ивана Трамп. И покрај тоа што никој не можел да го запре метеорскиот подем на Трамп во 1980 година, дури и најамбициозните магнати за недвижности биле препуштени на милоста на градските подзаконски акти. Кога Трамп ја купил зградата и соседниот хотел во Менхетен, неговите планови биле прекинати од страна на програмите за контрола на кириите во градот. Во 1985 година, кога Трамп ги открил неговите планови за 88 милионски комплекс на западната страна на Менхетен наречен „Television City“, опозицијата на заедницата успеа да го прекине неговиот проект.

Овие два неуспеси се ништо во споредба со она што подоцна му се случило на Трамп. Во 1990 година, кога пазарот на недвижности од 80-тите започна да се намалува, високите инвестиции на Трамп започнаа да имаат силно влијание врз билансот на состојбата на компанијата.

Соочувањето на Трамп со банкрот


На крајот, на почетокот на 90-тите, била запрена победничката низа на Трамп. Националната економија започнува да се намалува, економијата во Њујорк била во застој со што се намалиле приходите на Трамп. Наскоро тој не можел да ги исплати каматите на долговите кои ги акумулирал за да ги финансира различните бизниси. Годишната исплата на заемот на Трамп била 300 милиони долари. Неговата компанија должела 9 милијарди долари, додека неговиот личен долг бил 975 милиони долари.

За да избегне банкрот Трамп остварил средба со четирите негови главни кредитори: „Citibank“, „Bakers Trust“, „Chase Manhattan Bank“ и „Manufacturers Hanover Trust C.“. Банките биле загрижени бидејќи постоела можност да изгубат огромни количини на пари. На крајот Трамп ги убедил банките да му позајмат дополнителни 65 милиони долари за да го одржи неговиот бизнис во живот. Исто така, банките се согласија да му ги одложат каматите и кредитите на пет години. Дел од долговите биле платену со парите од продажбата на неговиот капитал - неговата авиокомпанија („Trump Shuttle“) и неговата јахта. Трамп исто така го продал и неговиот удел во „The Plaza Hotel“, а неговата куќа на плажа во Флорида ја претворил во одморалиште.

Бизнисот преживеал благодарение на финансиската помош и одложувањето на кредитите од повеќе од 70 банки. Голем дел од експертите велат дека главен катализатор на циклусот на долгови на Трамп било купувањето на „Taj Mahal“ казиното во 1988 година.

1995 година и пресвртницата на Трамп

Среќата започнала да му се менува во 1995 година. Оваа година Трамп ја основал „Trump Hotels And Casino Resorts, Inc.“ и ја претставил на јавноста. Тој успеал да ги продаде акциите за 13.25 милиони акции за 32.50 долари по акција. Со тоа имал капитална добивка од 290 милиони долари.

Исто така, во средината на 90-тите години „Grand Hyatt“ стана мошне успешна. Подоцна, Трамп ја купил старата Банка која се наоѓала на 40 Вол Стрит. Зградата стана една од неговите најпознати имоти.

Наследството на Трамп

Фред Трамп починал во 1999 година. Неговото богатство било проценето помеѓу 250 и 300 милиони долари. Колку Трамп наследил од неговиот татко не се знае. Во 2003 година беше објавено дека Доналд и неговите браќа и сестри продале дел од недвижниот имот на нивниот татко за околу половина милијарда долари. Во прилог на ова наследство, таткото на Трамп му помогнал давајќи му кредити и пристап до фондовите.

Шоуто „The Apprentice“ му донесе стотици милиони


Во 2004 година започна да се емитува шоуто „The Apprentice“ со кое името Трамп стана уште попознато. Во секоја сезона, повеќе од десетина кандидати се натпреваруваа за менаџерската позиција во една од многуте компании на Трамп. Со ова шоу Трамп заработи повеќе од 214 милиони долари.

Брендот на Трамп: бестселер


Ако сакате да го сфатите Трамп ќе мора да го гледате Трамп како бренд - исто како што ги гледате Кока Кола или Најк.

Голем дел од капиталот кој го носи името на Трамп не е всушност во негова сопственост. „The Trump Organization“ е познат како партнер со голем број девелопери во договори за лиценцирање. Во таков договор, инвеститорот на Трамп му плаќа данок за лиценцирање; за возврат, тие имаат дозвола за брендирање на нивната зграда со името на Трамп и логото на Трамп.

Во прилог на недвижниот имот, Трамп го позајмува своето име на голем број производи - од душеци до облека, мириси и мебел.

„The Art of the Deal“ и книгите на Трамп

Освен недвижностите и телевизиските настапи, Трамп успеа да напише и книги кои му донесоа дополнителна слава. „The Art of the Deal“ е првата книга на Трамп која била издадена во ноември 1987 година и која 51 недела со ред беше на листата на бестселери. Книгата беше продадена во 1 милион копии.

Богатството на Трамп денес

Иако империјата на Трамп опфаќа многи индустрии, развојот на недвижен имот отсекогаш биле негова основна дејност. „The Trump Organization“ поседува стотици станбени единици и деловни простори кои создаваат редовни приходи од наемнини.

За крај

Доналд Трамп создаде вистинска империја чија основа е неговото име. Земајќи големи кредити, Трамп изградил луксузни хотели, апартмани и казина кои станаа иконски споменици на 90-тите. Иако Трамп се соочил со финансиска пропаст и повеќе бизнис банкроти, брендираните производи Трамп и лиценците за недвижности остануваат популарни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија