„Ние мора да почнеме да зборуваме и уште поважно, да ги слушаме оние кои не се согласуваат со нас“- вели Селесте Хедли. Таа нуди паметни начини да разговараме за политиката без да влезиме во расправија.
„Јас прислушнав некого што чекаше на ред во Старбакс во Атланта, кој зборуваше за колегата. „Го прашав денес менаџерот за човечки ресурси да го премести моето биро-рече таа. Јас едноставно не можам повеќе да зборувам со Рејчел, дури и за работа. Таа има налепници од Трамп низ целиот автомобил. Што можев да ѝ кажам неа? "
Слушнав некои верзии на оваа жалба, на редовна основа во изминатата година. Во еден момент, тоа беше Берни поддржувачот, кој зборуваше за некој кој ќе гласа за Хилари. Еден друг пријател на „Facebook“ објави лута порака за секој кој гласа за трета страна: „Слободно избриши ме. Не само што правиш грешка. Ти си лоша личност. "(Парафразирам заради приватност).
Не сум тука да ве укорувам, да ве засрамам, да направам да се чувствувате лошо и да избегнување политичките дискусии. Јас целосно разбирам зошто некој би го направил тоа, а и самата сум го правела. Живееме во ера во која е многу тешко да се избегнат разговори за политиката, бидејќи речиси сe стана политика. И разликата во политичките прашања може да предизвикаат аргументи со кои завршуваат пријателства, бракови, па дури и деловни односи.
Јас разбирам зошто сите ние избегнуваме да зборуваме за политика, но сепак мислам дека е време да излезиме од нашата непријатност и да пресечиме. Погледнете околу вашето соседство, вашиот град, вашата држава, нашата нација и нашиот свет. Јас не сум толку наивна да верувам дека разговорите може да ги решат проблемите во светот, но можам да кажам со сигурност дека неводењето на овие разговори ќе ги направи проблемите значително полоши. Значи, ние мора да почнеме да се зборуваме и уште поважно да ги слушаме оние кои не се согласуваат со нас за прашањето на: бегалците, правата на приватност, даноците, па и дури и за религијата. Ние мора да имаме разговор така што на крајот да може да постигнеме компромис.
Во однос на тоа ова се неколку стратегии за тоа како да зборуваме за политиката без да се расправаме.
1. Не се обидувајте да едуцирате некого.
Не започнувајте разговор со намера да докажете некому дека греши или да си го смени мислењето. Невролошките истражувања покажуваат дека навистина е тешко да се сменат нашите сопствени размислувања, а да не зборуваме за некој друг. Ако тоа е вашата цел, вие ќе бидете разочарани и најверојатно ќе и одите на нерви на личноста со која зборувате.
2. Не прејудицирајте
Слушајте ги луѓето со отворен ум. Ако некој го сака кандидатот што вие го мразите, тоа не значи дека треба да попуштате за се што ќе кажат тие или дека нема да најдете заеднички јазик. Амарилис Фокс, поранешен директор на тајната служба во ЦИА, неодамна зборуваше за тоа како таа беше во можност да разговара со екстремистите чии акции таа ги осудуваше. Таа рече: „Секој верува дека тие се добри луѓе. Единствениот вистински начин да го разоружате вашиот непријател е да го слушате“.
Ако ги ислушате, ако сте доволно храбри навистина да ја слушнете нивната приказна, може да ги гледате нештата поинаку, можеби ќе се одлучевте на истите избори, ако го живеевте нивниот живот наместо вашиот. Јас не верувам дека таа вели дека мора да ги одобрите нивните одлуки или филозофија. Мислам дека таа зборува за емпатија, способност да се разбере зошто некој верува во она што го прави. Ако сте нечувствитени за друго лице, многу би било тешко да се разговара со него. Целта на слушањето не е да се поддржува и одобри нечие мислење, туку да се разбере.
3. Покажете почит
Почитувањето е поважно од толеранцијата. Да се почитува друго лице е да се воздржите да ги повикувате по име, да правите отстапки на нивните идеи, или да користите чести прекини додека зборувате со нив или да ги збунувате. Тоа исто така значи и менување, така што ќе им овозможите да одговорат на вашите прашања и споделување на еднакво време за да ја изразат својата точка на гледање. Покажување на почит значи дека прифаќате другото лице да има направено избор за она што тие мислат дека се добри причини и дека им го признавате правото да го изразат своето мислење.
Огромното мнозинство на луѓе кои ги знаете, веруваат дека го прават најдобро што можат. Тие навистина веруваат дека нивниот кандидат или нивните политики ќе го направат светот подобро место за живеење. Практикувајте да се гледате со луѓето со кои не се согласувате.
4. Останете таму
Кога разговорот станува непријатен или тежок, работете низ него. Не кажувајте шеги и не менувајте ја темата, само работете преку необичноста на ситуацијата. Продолжете да одите низ маглата, бидејќи светлината е светла, од другата страна. Тоа може да биде искушувачко, како што некој изразува силно мислење за абортус или правата на имигрантите или граѓанските права и не ви дава збор да коментирате.
Но најстрасните разговори се оние во кои луѓето ги изразуваат своите мислења на страстен начин и оние за кои луѓето се најемотивни. Да, тоа се фрустрирачки, па дури и непријатни ситуации но често вредни. И тие се неопходни, ако сакаме да најдеме заеднички јазик и ако сакаме да започнеме да ги решаваме некои од сериозните проблеми со кои се соочува нашето глобално општество.
Се разбира јас не препорачувам да останете со некој кој вербално ве навредува или зазема офанзивен став. Ако некој ве навредува, тоа е сигурен знак дека не се заинтересирани за продуктивен разговор и вие треба да си заминете. Но ако е шанса да слушнете нова перспектива или да научите друго искуство, вредно е за фрустрацијата. Ако постои можност да просветлите некого со вашата гледна точка или да им помогнете да ја видат спротивната страна како човечко битие достојно за почит, тогаш вреди времето и напорот.
Веројатно нема да постигнете договор во дискусијата за политиката. Најверојатно нема да ги убедите да ги сменат своите мислења или погледот кон светот. Но ќе ги натерате да размислуваат повнимателно и тоа е вредно. Има радост во размената на идеи, дури и оние кои се во опозиција. Постои просветлување во едноставно разбирање на перспективата на другиот. Па, ајде да се подготвиме да го слушнеме она што не ни се допаѓа. Ајде да уживаме во слушање на нечии идеи кои се во судир со нашите сопствени, знаејќи дека новите перспективи ќе не направат посилни и помудри. Погледнете го видеото.