Ноам Чомски е американски лингвист, филозоф и политички активист познат и по своите критички ставови кон политиката на САД во современиот капитализам, а особено по критиките кон медиумите кои се објавени и во книга.
Тој, на својот
интернет портал навел 7 примери за иронијата на американската политика:
1. Статиите од 2007 година за „воено зајакнување на Народна Република Кина“ – Пентагон потврди дека Кина го зајакнала својот потенцијал со 400 нови проектили, кои би можеле да доведат до нуклеарна војна меѓу големите сили. Се дојде до дискусија за да се утврди: дали Кина сака да го освои светот, дали се во прашање погрешни броеви или се работи за нешто трето? Нешто сепак треба да се објасни. Колку нуклеарни проектили има САД? Околу 10.000. Кина има 400. Тоа понатаму докажува дека Кина сака да го освои светот. Ако внимателно се читаат странски весници, ќе се знае дека причината поради која Кина ги зајакнува своите сили за одбрана не е Пентагон, туку тоа што Америка секој ден е способна да ја лоцира и уништи секоја нејзина цел (дури и оние подвижните) и тоа со софистицирана технологија, каде и да се наоѓаат, наведува Чомски. Тој прашува – кој во овој случај сака да го освои светот? Нормално, Кинезите! Затоа што од оној момент кога светот завладеа со нив, тие прават обиди за да го освојат. Принципот: „ние го поседуваме светот“ е едноставен и може да ги објасни сите дискусии за американската надворешна политика.
2. Може ли да се запре милитаризацијата на вселената? Се чини дека не може. И тоа само затоа што САД се единствените што инсистираат на тоа. Цел свет е против, најмногу поради страв. САД се веќе далеку отидени во тој бизнис. Иако другите земји не сонуваат за за апсолутна доминација и контрола на целиот свет и заостануваат зад Америка, без сомнение ќе реагираат. Постојат многу меѓународни договори што ги регулираат вселенските истражувања кои ги поддржува цел свет, а кои САД се обидува да ги оспори. Како на пример Договор за надатмосферски простор (Outher Space Treaty), кој забранува распоредување на оружје во вселената и е потпишан од сите земји, па и САД. Уште никој не се осмелил да постави било каков вид оружје во просторот над атмосферата. Сите го почитуваат договорот, затоа што кога некој би го прекршил, тоа веднаш би се открило. Усвоен е во 1999 на Генералното собрание на ОН со 163 гласа ЗА, ниеден против и 2 воздржани – САД и Израел.
3. Глобализацијата ја предводат моќните влади, особено онаа во САД. Таа ги принуди малите народи да потпишат трговски и други договори што ќе ги угушат, а на големите корпорации ќе им ја овозможат доминацијата над економијата во земјите ширум светот и тоа без никакви обврски или одговорности кон народите.
4. САД сѐ уште даваат имиња на воените хеликоптери по жртвите на геноцидот. Никој не ни трепнува при имиња како Блекхок, Апач или Команч. Замислете каква би била реакцијата германските воздушни воени сили да даваат имиња на хеликоптерите по Ромите или Евреите? Мислам дека тоа луѓето и тоа како ќе го приметат.
5. Ако нешто е добро или лошо за нас, тоа е добро или лошо и за другите. Од таа претпоставка следи дека ако за Куба, Никарагва, Хаити и други земји од долгата листа е погрешно да се бомбардира Вашингтон или Њујорк, тогаш погрешно е и Вашингтон и Рамсфелд да го бомбардираат Авганистан (со апсурдно оправдување). Сé би требало да излезе пред меѓународниот суд за воени злосторства...
6. Да претпоставиме дека, на пример, Кина (која има голем проблем со пушењето) изградила воена база во Колумбија... Од таму таа полесно воено би делувала и би имала контрола на полињата со тутун во Кентаки и Северна Каролина со намера хемиското оружје да ја уништи американската култура (која е смртоносна за многубројниот кинески народ). (Чомски алудира на борбата против дрогата, која ја води САД во Централна и Јужна Америка.)
7. Најголемата грижа за САД е Иран и неговото неспорно влијание во средна Азија. Тоа е единствена причина поради која директно го помагаа Ирак во последната фаза на војната меѓу двете држави, а што имаше влијание и на исходот од војната. Вашингтон продолжи активно да се додворува на Садам Хусеин, додека се вклопуваше во нивните планови. Љубовта меѓу САД и Садам пукна во август 1990. Американскиот страв од Иран влијаеше на одлуката да се поддржи Садам во нападот на населението во јужен Ирак, во март 1991. САД секогаш се плашел од влијанието на Иран. А тоа е според нив, на речникот што често се користи во последно време при успешните револуции е „закана за стабилноста во регионот“. Вистината е нешто сосема поинакво: Иран би можел да го поттикне процесот на демократија, кој би ја „расипало“ диктатурата на која САД се потпира, а која го држи во покорност населението од Блискиот исток.