Чомски се смета за еден од најцитираните личности и бестрашен критичар на американската надворешна политика и државниот капитализам. Тој секогаш ги предизвикува и ги инспирира срцата на младите луѓе низ целиот свет и секогаш се сомнева во системот кој ги води и регулира.
И да, тој отсекогаш бил брилијатен во текот на целиот негов живот. Додека ние се жалевме за тоа дека не ни одат дропките на 10 годишна возраст, тој на 10 годишна возраст ја напишал првата статија за ширењето на фашизмот во Шпанската граѓанска војна. Ова се некои од неговите најмудри мисли.
„Паметен начин да ги држиш луѓето да бидат пасивни и послушни е да им го ограничиш спектарот на прифатливо мислење, но да им дозволиш живо да дебатираат во тој сам спектрум - дури и да ги охрабриш да бидат покритични настроени и да имаат отпаднички погледи“.
„Во библијата Господ - не само што им нареди на неговите избрани луѓе да ги избришат Амалеките до последниот маж, жена, дете и магаре... туку и Господ во Библијата бил подговен да го уништи секое човечко суштество на Земјата бидејќи некои луѓе го иритирале него... Тоа е и повеќе од геноцид - не можеш да го опишеш ова суштество. Некој го навредил, па затоа тој сакал да го уништи секое човечко суштество на Земјата? И потоа го наговориле да остави да живее еден вид од секое суштество - и тоа треба да биде љубезно и прекрасно?“
„Војната со дрогата едноставно е пример за нелигитмното користење на моќта од концентрации на моќ кои не можеле да постојат на прво место“.
„Ако не веруваме во слободата на изразувањето за луѓето кои не ги сакаме, тогаш воопшто не веруваме во неа“.
„Државите не се морални агенти, луѓето се, и можат да наметнуваат морални стандарди врз моќните институции“.
„Никогаш не знаев за друга опција освен да доведувам во прашање се'“.
„Основниот принцип на модерниот капитализам е тоа дека трошоците и ризиците се социјализирани колку што е можно, додека профитот е приватизиран“.
„Сите се загрижени за спречување на тероризмот. Но, постои навистина лесен начин: престанете да учествувате во него“.
„Колку повеќе го зголемувате стравот од дрогата и криминалот, колку повеќе им помагате на мајките, емигрантите и непознатите, толку повеќе контрола имате врз сите луѓе“.