X
 08.11.2016 Живот

Високо интелигентните лица имаат помалку пријатели

Нова студија од Норман Ли и Сатоши Каназава за „British Journal of Psychology“ покажа дека поинтелигентните лица, имаат помала веројатноста да бидат задоволни од социјалниот живот.

Студијата, која се подготвуваше во текот на неколку години гледаше во широкиот спектар на возрасни лица на возраст од 18 и 28 години, а откри дека општо земено луѓето кои се дружеле најмногу биле најсреќни. Единствен исклучок биле оние со висока интелигенција, кои немаат тенденција да најдат исто ниво на уживање од тоа. Зошто?


пријатели


Студијата објаснува:

Поинтелигентните поединци искусуваат пониска животна сатисфакција од почестите дружења со пријателите.

Главната причина за ова е теоријата дека интелигентните луѓе имаат тенденција да се фокусираат на долгорочни проекти, а дружењето го одвлекува вниманието од тоа. Еволутивното објаснување тврди дека паметните луѓе колку помалку се дружат, толку повеќе тоа им помага подобро да се прилагодат на животот.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот