„Самсунг“ е сега сопственик на „Innoetics“, стартап-компанија од Грција која развила технологија наречена „text-to-speech“ и „voice-to-speech“, која може меѓу другото да слуша кога некој зборува, да го вежба она што некој го зборува и потоа да прочита парче од сосема неповрзан текст со истиот глас.
фото извор: wikipedia
Уште не е јасно што ќе прави „Самсунг“ со оваа технологија, но се смета дека ова одлично ќе се вклопи во потребите на корисниците. Седиштето на компанијата ќе остане во Атина, со 8 до 10 вработени, а фирмата била формирана во 2006 година.
Во светот на технологијата се забележани многу производи со гласовни можности, од лични асистенти, до хардвери како „Google Home“, и сите користат иновации и други алатки од вештачката интелигенција.
„Innoetics“ во моментов поддржува 19 различни јазици, меѓу кои англискиот, грчкиот, германскиот, хинду и други. Експертите сметаат дека со оваа гласовна
технологија ќе се постигне многу и во борбата против хакерите, односно ќе се обидат да обезбедат сигурност на највисоко ниво.