Кујнската сол е зачин кој е основен и речиси неизбежен во секоја кујна, иако има и многу негативни карактеристики. Веројатно оваа причина ја направи многу популарна таканаречената хималајска сол, која зема замав во последно време.
Ако ја имате на Вашата трпеза веројатно е да сте слушнале дека ги намалува алергиите, ја зголемува енергијата, го подобрува расположението или многу други вакви нешта. Но, за жал науката не ги поддржува овие шпекулации.
На Хималаите нема рудници за
сол и името е веројатно само маркетиншки трик. Најголем дел од солта доаѓа од Полска, Пакистан, Индија, што е далеку од Хималаите. Оваа сол е составена од 98% содиум хлорид, што е всушност нормалната кујнска сол и 2% други минерали меѓу кои и железо оксид што ја дава розевата боја. Погледнете го видеото: