Во воено време не постојат закони. И додека светот сè уште зборува за нацистичките злосторства, некои крвници честопати се занемаруваат. Станува збор за крвопролевањата што зад себе ги остави
1. Масакрот Палаван
Станува збор за еден од најстрашните примери на суровост на јапонските војници. Имено, на 12 декември 1944 година, сите 150 Американци што биле заробени во јапонскиот логор во Палаван, Филипини, биле испратени во шумскиот предел што бил сложен како клада. Откако ги запалиле, 30-мина од нив успеале да побегнат на брегот и се обидувале да се спасат пливајќи. Но, немале многу шанси да преживеат, затоа што Јапонците пукале во нив, а ги егзекутирале и оние кои се сокриле во карпите. Еден Американец бил нападнат од ајкула, а само единаесетмина успеале да го преживеат масакрот.
2. Масакрот Нанкинг
На почетокот на кинеско-јапонската војна во 1937 година, што понатаму ќе стане „пацифичка брана“ на Втората светска војна, Јапонија изврши инвазија на главниот град на Кина, Нанкинг. Јапонските трупи при инвазијата егзекутирале мноштво цивили. Колеле доенчиња со бајонети, обезглавувале деца, закопувале живи луѓе... Дивјачки силувале 80.000 жени и присилувале членови на семејства на противприроден блуд. Во тој крвав и безмилосен поход историјата бележи дека животот го загубиле над 300.000 Kинези.
3. Железница на смртта
При окупирањето на југоисточна Азија, Јапонците одлучиле да ги поврзат Тајланд и Бурма со железничка пруга, со цел да ја снабдуваат својата војска со потребен материјал, а како работна сила за изградба на железницата ги користеле воените заробеници. Целата железница е изградена исклучиво со голи раце и без индустриски алати, а заробениците морале да пробиваат и сечат густа џунгла на многу високи температури. При тоа добивале минимални количини ориз како храна. Се проценува дека за време на овој проект, животот го загубиле околу 110.000 заробеници, некои од глад, некои од куршум, некои од колера или треска. Некои пак, заради недистиг на Б-витамини, со денови лежеле неподвижни во џунглата изложени на напади од диви животни, чекајќи ја смртта.
4. Единицата 731
Тајната јапонска единица од Втората светска војна, спроведувала изопачени експерименти по примерот на нацистичкиот злосторник Јозеф Менгеле. Групата била позната под името Единица 731 е одговорна за маченичката смрт на повеќе од 600.000 лица. Единицата била основана за тестирање на биолошко и хемиско оружје, а во текот на војната ги прошириле своите активности. Групата делувала во комплекс од шест квадратни километри, изграден во кинескиот округ Пинфанг т.е. Харбин, тогаш најголемиот град во марионетската држава Манчукио. Експериментите ги спроведувале на локалното „неподобно“ население што го нарекувале „дебили“. Десетици илјади луѓе биле подложени на ампутации на екстремитетите без анестезија, за да ја испитаат коагулацијата на крвта. Други групи биле намерно заразувани со разни вируси, а потоа биле оперирани на живо за да го следат напредокот на болеста и влијанието врз внатрешните органи. Меѓу најбруталните методи се вбројува операцијата со која го отстранувале желудникот, а хранопроводот го спојувале директно со цревата. Многу жени биле присилувани да забременат, заради спроведување на експерименти врз мајките и новороденчињата. Иако во логорот биле родени многу деца, ниту едно од нив не успеало да преживее.
5. Смртоносниот марш Батан
Во 1942 година, Филипини потпишале капитулација, но Јапонците не знаеле што да прават со 76 илјади воени заробеници, па сковале монструозен план. Ги повеле заробениците на марш долг 110 километри низ џунгла, во нечовечки услови. Секој дехидриран или исцрпен, го оставале да умре во џунглата. Изложени на глад, малтеритирање и тортура, во овој марш животот го загубиле 26. 000 Филипинци и 7.000 Американци.
6. Колежот во болницата Александра
Во септември 1942 година, кога Јапонците го зазеле Сингапур, нивните војници влегле во болницата Александра што ја воделе Британци. Таму започнал нивниот крвав пир, убивајќи го секое лице на кое наишле. Доктори, медицински персонал, пациенти... се проценува дека во тој колеж животот го загубиле повеќе од 200 луѓе.
7. Канибализам на дело
Постојат сведоци кои тврделе дека Јапонците во војната го јаделе месото на своите непријатели ширум југоисточна Азија. Во голем број случаи, жртвите не биле мртви, туку на живо им било дерено сирово месо. Се верува дека Јапонците убиле голем број непријатели за исхрана, поради недостигот од храна.
8. Жени за утеха
Во текот на Втората светска војна, јапонската војска присилила 200.000 жени и девојки постари од 16 години на проституција. Ги нарекувале „жени за утеха“, но всушност станува збор за сексуални робинки. Тие жени ги праќале во далечните делови на источна Азија, за да им бидат на располагање на војниците на кои им било потребно „подигање на моралот“. Постојано биле силувани, а голем број од нив умреле од внатрешни повреди.
9. Геноцид на островот
Островот Науру во Папуа Нова Гвинеја бил окупиран во 1942 година од страна на Јапонците. Она што го направиле со населението на островот, во најмала рака може да се нарече геноцид. Колонијата на лепрозни што била лоцирана на Науру, ги натовариле на дрвени бродови и ги дигнале во воздух. Околу 70 проценти од населението било депортирано на друг остров, а 700 до 1200 жители на Науру умреле од глад и болести, затоа што биле оставени во нечовечки услови.
10. Масакрот во Лаха
Во февруари 1943 година, Јапонците заробиле и заклале преку 300 Холанѓани и Австралијанци, откако еден од нивните чистачи на мини, настрадал од холандска мина. Првата вечер однеле 85 луѓе во шума во близина на воениот аеродром Лаха на островот Амбон, каде ги егзекутирале. Следната вечер иста судбина ги снашла уште 227 луѓе, а телата им ги фрлале во масовни гробници.