X
 06.11.2016 Здравје

Колку е штетно гризењето на ноктите?

Без разлика дали гризат нокти од напнатост или досада, многу луѓе тоа го прават по автоматизам и несвесно во одредени ситуации. Прстите не само што изгледаат лошо, туку на тој начин се отвора пат и до крвотокот на различни бактерии, предупредуваат германските научници.

Под ноктите се кријат различни бактерии, како салмонела и ешерихија коли, кои кај лицата кои гризат нокти можат да бидат внесени во организмот. Причините зошто луѓето го прават тоа се различни, но најчесто тоа е знак на стрес, но и сериозни психолошки проблеми.

Како што објаснил д-р Петер Фалкаи, психијатар, потребата за гризење на ноктите укажува генерално на помалку изразено компулсивно однесување или во потежок случај, опсесивно-компулсивно нарушување. Проблемот настанува во моментот кога преоѓа во навика. Експертите велат дека 30 до 40 проценти од децата и 10 процени од возрасните ја имаат оваа навика. 

Децата кои ги грицкаат ноктите обично сопираат со тоа по неколку месеци, или по неколку години. Тоа особено се случува за време на пубертетот. Клетките кои новозможуваат раст на ноктите со време може неповратно да се оштетат при гризење, велат експертите. Најважно е да се одреди во каква состојба е лицето кое грицка нокти и да се одреди начин на кој ќе се спречи стресот. Некои нанесуваат лак со горчлив вкус, но експертите сметаат дека тоа не е доволно. Истакнуваат дека најважно е да се одредат вистинските причинители за ваквата навика, а потоа да се одредат и вистински чекори за решавање на проблемот.

Ако се заклучи дека навиката е деструктивна, потребно е да се побара стручна помош.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје