Филмот „Contact“ од 1997 година крие една доста чудна сцена. Доколку сте го гледале тогаш сигурно се сеќавате на една сцена која ја заинтригира публиката.
Имено, на сцената малата Ели го затекнува својот татко како лежи бесвесно на подот и исплашена трча во бањата за да ги земе неговите лекови. Сето ова делува нормално се додека таа не посегнува да го отвори шкафчето од огледалото - тогаш сфаќаме дека целата сцена ја гледавме низ огледалото од шкафчето.
Кен Ралстон и Стивен Розенбаум кои биле задолжени за визуелните ефекти на овој филм откриваат како била создадена сцената, а во кадар да не биде и камерманот кој цело време снимал.
Всушност, камерманот цело време трчел пред Ели. Тој трчал наназад со камерата на неговите гради. Во еден момент снимката започнува да се забавува, што било направено со помош на посебен уред. Од кадарот што го гледаме непосредно пред Ели да влезе во бањата, морало да се избриши рамото на камерманот. Кога таа ја пушта раката да го отвори шкафчето, се преминува во кадарот од огледалото. Овој кадар бил всушност снимен од агол на огледалото и подоцна искомбиниран со претходниот дел.
Она што го гледате е всушност камерата која ја следи Ели и која, како да поминува низ огледалото, за на крај да ја видите сцената од страна кога се затвора шкафчето.