X
 23.07.2024 Култура

Љубителите на филмовите велат дека ова се најшокантните документарци што ги гледале

Социјалната мрежа „Редит“ често собира многу љубители на филмови кои ги споделуваат своите мислења и препораки и разговараат за популарни филмови.

Пред неколку дена еден корисник на оваа социјална мрежа започна дискусија за документарци во која другите ги избраа најшокантните документарци. Во продолжение е листата со документарни филмови кои добија најмногу гласови.

„Скокоткани“, 2016 (англ. Тickled)




Новозеландскиот документарец „Скокоткани“ ги следи новинарот Дејвид Фариер и продуцентот Дилан Рив додека истражуваат необичен натпревар за скокоткање пред камерата. Истражувањето запира кога Фариер стапува во контакт со продуцентската компанија на снимките, која грубо го одбива неговото барање за интервју. Фариер и Рив се обидуваат да откријат што се крие зад мистериозната компанија.

„Киднапирана од очигледно место“, 2017 (англ. Abducted in Plain Sight)



Ова е криминалистички документарен филм кој го истражува киднапирањето на Јан Броберг од американската сојузна држава Ајдахо. Броберг двапати била киднапирана од нејзиниот сосед Роберт Бертхтолд во 70-тите години на минатиот век.

„Чинот на убивање“, 2012 (англ. The Act of Killing)



Ова е експериментален документарец во режија на Џошуа Опенахјмер, Кристин Син и анонимен индонезиски режисер. Филмот следи поединци кои учествувале во масовните убиства на индонезиските комунисти помеѓу 1965 и 1966 година.

„Драг Захари: Писмо до синот за својот татко“, 2008 (англ. Dear Zachary: A Letter to a Son About His Father)




Oвој документарец создаден од Курт Куен детално го прикажува убиството на неговиот близок пријател Ендрју Багби, кој бил убиен од опсесивната поранешна девојка Ширли Џејн Тарнер. Тарнер била уапсена, но дознава дека е бремена од Багби.

„Тројца идентични странци“, 2018 (англ. Three Identical Strangers)




„Тројца идентични странци“ во режија на Тим Вордл е документарец за идентична тројка која била посвоена од различни семејства. Браќата случајно се запознале во 1980 година во Њујорк и набрзо откриле дека се дел од тајно истражување чија цел била да се види како растењето во различни социо-економски статуси влијае врз развојот на генетски идентични браќа.

„Гризли човек“, 2005 (англ. Grizzly Man)



Американскиот документарен филм „Гризли човек“ го напиша и режира познатиот германски режисер Вернер Херцог. Филмот ја прикажува трагичната приказна на Тимоти Тредвел и неговата девојка Ами Хугенард, кои се занимавале со заштита на мечките. И двајцата загинале во националниот парк Катмаи на Алјаска кога ги нападнала мечка.

„Кампот на Исус“, 2006 (англ. Jesus Camp)




Овој документарец, во режија на Хајди Јуинг и Рејчл Грејди, ја прикажува индоктринацијата на децата во христијанскиот летен камп во близина на градов Девилс Лејк, каде што проповедникот Беки Фишер подигнува армија млади христијани кои ќе се борат против исламот и либерализмот.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура