X
 01.12.2016 Култура

За време на војните во Југославија биле уништени 2000 културни споменици

Во војните во поранешна Југославија се уништени околу 2.000 споменици од верското и културното наследство. Од овој број, 500 беа документирани, изјавил во Белград Мирко Кларин од „Центарот за Транзициска правда“ во презентацијата на извештајот, „Репресија на историјата и сеќавањата", пренесува Danas.

Извештајот, кој содржи документи и видео материјали за уништување на културното наследство, го подготви Агенцијата SENSA и Центарот за транзициска правда во Пула, а документтите претходно беа претставени во Сараево и Загреб.


Мостар


Кларин на конференцијата, организирана во соработка со Центарот за хуманитарно право во Србија, објасни дека извештајот е направен врз основа на испитувања на Хашкиот Трибунал и анализирање на кривични дела против културното наследство за време на војните во Југославија.

Тој додаде дека Трибуналот успеа да документира околу 25 отсто од уништените верски и културни споменици, иако тоа не му беше примарна задача.

„За жал, постојат многу помалку случаи на убиство, силување и тортура кои се документирани“- рече Кларин, истакнувајќи дека Трибуналот не можел да се посвети на сите случаи за воените злосторства, туку дека дел од нив морале да ги остават на националните судови кои тоа го прват со помал или поголем успех.

На презентацијата на извештајот се емитуваше документарен материјал за уништување на културното наследство во Босна и Херцеговина и Косово

Архитектот Миа Давид изјавила дека на оваа тема не може да се зборува од позиција на архитект, туку и како граѓанин чувствува срам за убивањето на луѓе, но исто така за уништувањето на културното наследство.

Давид верува дека сите страни во војните во Југославија уништувале споменици на културата, за да ја уништат самата идеја за Југославија и да обезбедат дека нешто слично во неа никогаш не би се повторило.

И драматургот Наташа Говедарица од Сараево оцени дека културните споменици во војните во Југославија се уништувале со цел да се раскинат врските меѓу луѓето. Како пример, таа го наведе мостот во Мостар, за кој таа посочила дека не бил уништен поради тоа што имал воено значење, туку за неговата симболика и поврзување на народите.

Говедарица, истакнала дека мостот во Мостар е обновен, но, за жал, не се обновени врските меѓу луѓето од различни националности, ниту во Мостар ниту во останатиот дел на Босна и Херцеговина.

Извештајот, „Репресија на историјата и сеќавањата", или како што авторите го нарекуваат „интерактивен наратив“ се состои од девет дела, а посебени поглавја се посветени на уништувањето на Дубровник, Сараево, Мостар, Косово и цела територија на Босна и Херцеговина, а постои дел за слуачите за уништување на верски и споменици на културата кои не се обработени и анализирани до ден денес.
SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура