Социјалните мрежи целосно го променија начинот на кој комуницираме. Нивното претерано користење му штети на здравите меѓучовечки односи. Забавно е да седите и читате информации и да седите на социјалните мрежи, меѓутоа поради тоа често сме исклучени од реалноста.
Ова се неколку грешки кои не треба да ги правите на социјалните мрежи за да не им наштетите на вашите односи со луѓето.
Не објавувате фотографии од другите луѓе без нивна дозвола
И самите би се вознемириле ако наидете на ваша фотографија која не сакате да биде јавно објавена. Затоа немојте да објавувате туѓи фотографии без нивна дозвола. Така ќе избегнете конфликти со блиските.
Не ги користете социјалните мрежи кога сте лути
Социјалните мрежи не служат за малтретирање некому, па затоа злонамерните коментари или постирањето објави додека сте лути не помагаат. Не објавувате работи со кои би предизвикале нечија реакција, туку прво обидете се смирите.
Не бидете досадни
Супер се забавувате во добро друштво, но тоа не значи дека треба да објавите сто фотографии и да се фалите со излегувањето. Еднаш откако ќе ја објавите содржината, доста е.
Не ги заменувајте социјалните мрежи за реална комуникација
Разговорот преку социјалните мрежи и разговорот во живо или преку телефон е многу различно. Луѓето се социјални суштества и треба да реализираат контакт за подобро да функционираат.
Не споделувајте премногу информации
Социјалните мрежи се јавни и не се вашиот личен дневник. Приватните информации колку и да ве радуваат, не треба претерано да се објавуваат на интернет. Особено интернет разговорите меѓу членовите со семејството или со партнерот, што често се случува кај корисниците на Твитер.
Немојте да лажете
Лажењето е генерален проблем, но на социјалните мрежи полесно можат да ве фатат. Немојте да објавувате дека сте некаде каде што не сте или да зборувате работи само за да ги импресионирате онлајн пријателите. Лагата за брзо време ќе се разоткрие и ќе се соочите со непријатности.
Не споделувајте важни новости прерано
Срќени сте поради новата работа, автомобилот, новата врска? Пред да објавите радосни вести на социјалните мрежи, овие вести споделете ги со саканата личност. Посебно со вашиот/вашата партнер/партнерка.