X
 13.09.2017 Технологија

Можно ли е засекогаш да исчезнете од „Гугл“?


Гугл
(Фото: Reuters)


Од каква било причина секој може да се обиде  да „исчезне“ од меморијата на „Гугл“. Акцентот, сепак, се става на глаголот „обиде“ затоа што таквата активност е сè, освен лесна и едноставна...

Подгответе стратегија за „исчезнување“

Првата работа што треба да ја направите е да составите листа од сите страници на кои се појавува вашето име кога ќе го „изгуглате“. Каде и да се појавуваат ваши лични информации, забележете го тоа.

Сега би требало да имате појасен увид во проблемот

По правило, меѓу резултатите од пребарувањата на прво место ќе се појават вашите кориснички профили на социјалните мрежи, како „Линкедин“, „Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ и други. Се разбира дека за да исчезнат ваквите резултати од пребарувањето, ќе треба да ги избришете сите профили од секоја поединечна мрежа каде што се појавувате.

А што со другите дестинации?

Интернетот е преполн со дестинации што имаат една едноставна задача – да собираат лични податоци за секого. Spokeo или PeopleFinder по автоматизам градат бази на податоци од каде што не можете да „избегате“ преку заобиколни патеки. Затоа треба да контактирате со администраторите на таквите дестинации и да побарате да ги избришат вашите лични информации. Можеби тие ќе го прифатат вашето барање, а можеби не... и тука веќе не можете да направите ништо повеќе.

А да побарате да ве избришат директно од „Гугл“?

На крај, секогаш е возможно да побарате отстранување на резултатите од пребарувањето со вашето лично име од „Гугл“. Вообичаено, „Гугл“ ќе се согласи да постапува по вашето барање. За потсетување, „Гугл“ наведува дека секогаш може да ги отстрани податоците како:

•    Национални идентификациски броеви, како на пример американскиот број за социјално осигурување, аргентинскиот единствен даночен број, корејскиот регистрациски број на резидентот, кинеската лична карта и други;
•    Броевите од банкарските сметки;
•    Броевите на кредитните картички;
•    Фотографии од начинот на кој се потпишувате;
•    Фотографии кои содржат голотија или сексуално експлицитни фотографии кои се шират без ваше одобрение;
•    Доверлива, лична здравствена документација на приватни лица.
 
Она што (вообичаено) одбиваат да го избришат е:

•    Датумот на раѓање;
•    Адреса;
•    Телефонски броеви.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија