X
 27.11.2021 Живот

Зошто социјалните мрежи прават да се чувствувате тажни?

Социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие. На прв поглед, споделувањето убави фотографии изгледа безопасно, но тоа може да биде поштетно отколку што мислите.

Долгорочните ефекти на социјалните мрежи врз менталното здравје не се познати бидејќи социјалните мрежи се популарни само последните децении. Меѓутоа, има работи што се знаат за ефектите на социјалните мрежи. Според едно истражување, депресијата е една од ненамерните последици на непотребната употреба на социјалните мрежи бидејќи корисниците забележуваат пораст на симптомите на депресија.


Фото: Pixabay

Зошто социјалните мрежи може да ве растажат?

Постојат повеќе теории за одговор на ова прашање. Најпопуларните теории се дека корисниците се споредуваат со другите и се плашат дека ќе пропуштат нешто.

Според експертот Оскар Ибара, луѓето некогаш несвесно прават споредби со нивните пријатели на социјалните мрежи. Ова може да биде штетно кога гледате фотографии од инфлуенсери или познати личности бидејќи тогаш може да се прашувате за сопствениот живот.


Фото: Pixabay

Експертката Ејми Самервил објаснува дека социјалните мрежи може да предизвикаат и страв од пропуштање или изоставување. Според неа, кога може да видите што прават вашите пријатели кога вие не сте со нив, може да се почувствувате изоставени, а овој страв може да се појави дури и кај лицата што свесно одлучиле да не бидат со пријателите.

Освен овие теории, некои експерти наведуваат и други причини зошто социјалните мрежи може да направат да се чувствувате тажни. Според претходни истражувања, долгото користење на социјалните мрежи може да го намали квалитетот на сонот, што потоа може да резултира во умор и недостиг на енергија.

Конечно, тука се и лошите коментари што може многу лошо да влијаат врз корисниците, особено врз помладите.

Извор: The List
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот