X
 02.12.2016 Култура

Советот од Черчил до неговиот персонал: „Бидете јасни и концизни!“

Со доаѓањето на неговата премиерска функција во 1940 година, Сер Винстон Черчил испратил меморандум до својот персонал кој го нарекол „Officialese“.

 

черчил


Сер Винстон бил ветеран и од конзервативната и од либералната администрација, и служел во воената морнарица, во Министерството за внатрешни работи и Министерството за муниција.

Во чест на неговиот роденден, Кабинетот го објави меморандумот од 9 август 1940 година кој покажува како новиот премиер ја споделува неговата мудрост со својот персонал.

„За да си ја работиме работата, сите мора да ги читаме весниците. Скоро сите тие се премногу долги. Со ова се троши времето, а исто така треба да се потроши и енергија барајќи ги основните цели.

Ги замолувам моите колеги и нивниот персонал да ги скратат нивните извештаи.

1. Целта треба да им бидат извештаи кои ги истакнуваат главните цели во серија на кратки, јасни параграфи.

2. Ако извештајот се потпира на детална анализа за некои комплицирани фактори или на статистика, деталите треба да бидат ставени во соодветен додаток.

3. Најдобро би било да не се доставува целосен извештај, туку „Aide-memoire“ кој ќе се содржи само од наслови, кои ќе можат да бидат проширени усно, секако доколку е потребно.

4. Не ги користите фразите како: „Исто така од голема важност е да се имаат на ум следните мислења...“ или „Треба да се земе во предвид можноста на ставање во ефект...“ повеќето од овие збунувачки фрази можат да бидат изоставени или да се заменат со еден збор. Да не го намалуваме користењето на кратки експресивни фрази, дури и ако е конвенционално.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура