Институтот „Cato“ од Америка заедно со Институтот „“Fraser“ од Канада и Институтот „Liberales“ од Германија го објавија Индексот за човекови слободи за 2016 година. Земени се во предвид 79 различни идикатори за 159 земји кои се движат од: слобода на говор, слобода на правата на жените, сигурност и безбедност, владеење на правото, слобода на меѓунардона трговија, врски, големина на влада, лични и економски слободи и многу други.
Досега се смета дека Индексот за човекови слободи (HFI) е прв инајсеопфатен индекс кој ги мери сите аспекти на човековите слободи на глобални ниво во различни земји.
Најслободни земји во однос на човекови слободи се:
Хонг Конг
Швајцарија
Нов Зеланд
Ирска
Данска
Канада
Велика Британија
Австралија
Финска
Холандија
Најмалку слободни земји:
Сирија
Иран
Јемен
Либија
Ангола
Демократска Република Конго
Мјанмар
Венецуела
Централна Африканска Република
Америка се наоѓа на 23 место. Што се однесува до Македонија таа е на 55-то место од 159 земји и со вкупни поени 7.32 од вкупно 10. Во однос на личните слободи Македонија се рангира на 59-то место, додека во однос на економска слобода на 65-то место. Еве како изгледа Македонија во однос на човековите слободи:
Македонија:
Владеење на право: 3.3
Безбедност и сигурност: 8.83
Движење: 10.00
Изразување и информации: 6.25
Врски и односи: 10.00
Големина на Влада: 6.28
Легален систем и заштита на права: 5.68
Финансиска слобода: 8.32
Слобода на меѓународна трговија: 7.74
Регулација: 8.10
Овде може да го погледнете целиот извештај и да направите споредба со претходните извештаи од минатите години.