За образовните системи низ светот многу се пишува, но ретко се придава значење на практиките што ги применуваат најдобрите училишта. Од Сингапур до Швајцарија, од Јужна Африка до Индија, три приоритети се основа на нивниот успех.
Градење на култура на соработка
Во овие училишта е важно соработката и професионалниот развој на персоналот да се главен дел од искуството на наставниците. Преку натпревар со колегите тие подлабоко размислуваат за педагогијата и истовремено секој индивидуално работи на својот професионален развој. Резултатот е мотивирани и сигурни наставници кои се сигурни во својот идентитет и се горди што се дел од напор што е поголем од нив самите.
Фокус на вредноста пред науката
„Не е важно што ќе постанат. Им велам секој еден ден, ‘не се грижам што ќе постанете – кој ќе постанете и што ќе правите со светлината во вас.’“ - наставник во училиштето СПАРК во Јужна Африка.
На наставниот кадар во овие училишта приоритет им се вредностите и одностите во врските со другите луѓе, пред академските, а ова значи дека на учениците се гледа со почит и како на индивидуалци. Со тоа што се вреднувани тие се и помотивирани и за студиите, но тоа само го надополнува знаењето од наставните планови што се применуваат.
Учениците треба да се научат на одговорност
Повеќето училишта не им даваат целосна одговорност за обврските на студентите, но најдобрите училишта ги учат студентите на одговорност за нивните обврски. Во сите училишта, успехот е резултат на добрата структура и водство, но наместо да даваат насоки, тие прашуваат прашања.
Заедничко за сите е што имаат верба во луѓето и во тоа дека едукацијата не е само за содржината, туку и за искуството.