X
 04.12.2016 Образование

Најголемите грешки при пишување на кратката биографија

Многумина не придаваат значење на квалитетот на изработка на кратката биографија и прават ситни грешки што не им се допаѓаат на работодавачите.

резиме


Тина Николаи, која работела како регрутер за Walt Disney World во доцните 1990ти, открива дека преку нејзината работа дошла до заклучок дека луѓето не знаат како да се презентираат на пазарот на трудот. По прочитани повеќе од 40.000 резимеа, таа посочува 5 грешки:

Несовесност: невешти се, не обрнуваат внимание на детали и се мрзеливи. Барателите на работа знаат да прават и многу грешки, да користат непрофесионални фонтови, застарени и неважни информации.

Предолго резиме: ако текстот е премногу формален или се користени многу придавки голема е веројатноста кандидатот да биде одбиен. Ако е предолго, веројатно е и да не биде прочитано цело.

Користење жаргони: овде се мисли на термини или фрази кои постојатно се користат при пишување на кратка биографија како, надвор од кутијата, тимски играч, исклучително комуникативен. Ако ги поседувате овие вештини, треба да ги посочите покреативно.

Нагласување за што сте биле одговорни: ако нагласувате дека сте биле одговорни за нешто покажувате што се бара за работата, но не и дека сте ја вршеле функцијата. Важно е да објаснете и за достигнувањата, а не што се очекувало да постигнете.

Кратката биографија не треба да биде премногу формална: ако содржината е премногу формална, регрутерот или работодавачот нема да може правилно да ја процени личноста на кандидатот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование