X
 05.12.2016 Наука

Научниците конечно открија како да се извлече и последната капка кечап

Свиткување, компресија, стискање, удирање по шишето. Секој си има свој метод за истиснување на последната капка кечап од пакувањето. Но, се чини дека дојде крајот на ова измачување, пишува Економист.

Веќе една деценија, некои од најдобрите умови на американскиот МИТ се обидуваа да најдат полесен начин да се надминат овие секојдневни проблеми. Тие направија и ја проучуваа лизгавата површина што се употребува кај индустриската опрема.


качап


Милиони тони се фрлаат, бидејќи кечапот останува внатре


Она што го открија го употребија за производство на не-леплива обвивка за контејнер на различни видови што овозможува содржината од шишето да се лизга надвор полека се до последната капка. Новата облога се нарекува  „LiquiGlide“ и делува како бариера помеѓу лизгачката површина и вискозната течност.

Нанесена во внатрешноста на шишето со зачини обвивката се придржува постојано на местото на амбалажата и овозможува на храната да се лизга без да остава траги. Според пронаоѓачите, милиони тони производи на годишно ниво од сосови до паста за заби се фрлаат бидејќи пакувањето не може до крај да се испразни.

Професорот Крипа Варанаси и Дејвид Смит од МИТ почнале со проучување на лотосов лист, кој е покриен со микроскопски воздушни џебови кои го намалуваат отпорот на површината и ја одбиваат водата, па таа излегува надвор.

Истиот феномен се обиделе да го направат со едно шише со кечап, паста за заби, бои и други материи кои влегуваат во мали воздушни џебови. Воздухот го замениле со масло за површината да ја направат подмачкана, за и најлепливите супстанции да не запрат, туку полека да се лизгаат.

Потребно беше уште да се најде вистинска комбинација за површинската структура и течноста за подмачкување, за течноста од маслото да не се меша со содржината на пакувањето и да излезе на површината.

Широка можност за примена

За да го решат тоа, експертите од МИТ користеа лубрикант добиен со деривати од она со што контејнерот беше исполнет. На пример внатрешноста на контејнерот за храна ќе биде направена од природни масла.

Овие обвивки се функционални за широкиот спектар на производи, бидејќи се работи по мерка да се задоволат специфичните барања што ги има секој производ или група на производи. „LiquiGlide“ е лиценцирана од страна на норвешка компанија за употреба кај мајонезот, а се продаваат и во Германија и Скандинавија.

Во иднина, обвивката ќе се користи за обложување на внатрешните површини на медицинската опрема, како што се катетер и авионски крилја. 
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука