Новото истражување покажува дека голем број на Јапонци немаат партнер.
Проблемите на јапонските млади жители се толку големи, што тие се откажуваат од состаноци и се одлучуваат на склопување брак со пријателите, пишува
Independent.Најновото истражување покажува дека 69 проценти од мажите и 59 проценти од жените во Јапонија немаат партнер.
Една јапонска страница е претрупана со приказни на луѓе кои едноставно се одлучиле да се омажат или оженат со своите долгогодишни пријатели. Јапонија спаѓа во земјите со најниска стапка на наталитет во светот, па во последните пет години, се раѓаат 8,4 деца на илјада жители.
80 проценти од неженетите Јапонци сакаат да стапат во брак
Се предвидува дека популацијата од 127 милиони, ќе се намали на 87 милиони луѓе до 2060 година. На страницата „
Matome Naver“ објавиле приказни, во кои најчести случаи се оние во кои луѓето стапуваат во брак со пријатели или колеги. За овој тренд постои и термин – „
Kousai zero Nichikon“, кој во предов би значел „брак без состанок“.
Ова се поврзува со традицијата на договарање на бракови
Во колумната која била објавена во Joshi Spa! Magazine, потрагата за брачен партнер се споредува со самоубиство. Сепак, не постои вистински доказ дека трендот преовладува во Јапонија во толку голема мера. Меѓу другото, ова се поврзува и со јапонската, во моментов застарена традиција за договарање на бракови, кога родителите им предлагаат на своите деца со кого да стапат во брак.