X
 09.12.2016 Живот

Најубавите јадења од Балканот

Традиционални оброци по сечиј вкус. Комбинација од турски и медитерански карактеристики, балканската кујна е позната по различните јадења и се разбира, нивниот квалитет. Месо, зеленчук, пити, салати, слатки. Ова се само неколку од јадењата кои често ги консумираме на овие простори, а им се допаѓаат и на туристите.

1.    Ајвар


Препознатливиот ајвар е едно од највкусните јадења на Балканот. Уште се нарекува и „македонски кавијар“, а одлично оди со топло лепче и бело сирење. Се подготвува од црвени пиперки, кои се печат и лупат, а потоа се мелат и готват со зејтин и сол. Теглите ајвар се дел од речиси секое семејство во Македонија, а и другите земји од Балканот.

2.    Полнети пиперки

Пиперки полнети со месо, ориз и зачини, печени во рерна. Превкусно јадење.

3.    Бурек

Најмногу се јаде во земјите кои биле под влијание на Отоманската империја. Вкусна пита со сирење, месо или зеленчук. Најмногу се консумира со јогурт.

4.     Тавче гравче


Национално македонско јадење кое го има речиси во сите ресторани во земјата. Квалитетното тетовско гравче, сушени црвени пиперки, зачини – рецепт за превкусен оброк.

5.    Ќебапи

Ќебапите се подготвуваат од мелено месо, кромид и зачини, а се печат на скара. Обично се служат со лебче и кромид.

6.    Палачинки

Многу слични со француските палачинки, но на Балканот се јадат полнети со различни вкусови. Најомилени се палачинките со крем.

7.    Пастрмајлија

 


Традиционална македонска елипсовидна пита прекриена со парчиња месо. Во Штип, дури има и фестивал за пастрмајлии наречен „Пастрмајлијада“.

8.    Мусака

Ред месо, ред компири и зачини. Ова јадење во слоеви обично на крајот од печењето се прелива со матени јајца.

9.    Турлитава

Комбинација од неколку видови месо и зеленчуци. Тава во која изобилуваат различни вкусови, а посебност му дава и традиционалниот сад во кој се пече.

10.    Селско месо

Стар рецепт во кој комбинацијата на месо, печурки, кромид, домат дава уникатен вкус и се пренесува од генерација на генерација.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот