X
 10.12.2016 Технологија

Јапонија лансира колектор за отпад во вселената

Освен за доставување резерви за Меѓународната вселенска станица, вселенскиот брод ќе има за цел да го отстрани отпадот во орбитата. Лансирањето беше забрзано после неуспехот на руската ракета за снабдување.

 

japonija


Вселенскиот брод наречен „Коунтори“ што на јапонски значи бел штрк, беше лансиран во петокот вечерта по локално време, од јужниот остров Танегашима.

Карго бродот, кој беше прицврстен за H-IIB ракета, содржи речиси пет тони храна и други работи.

Портпаролот на јапонската водухопловна агенција за истражување (ЈАХА) изјави дека сателитот бил отстранет од ракетата и ставен во планираната орбита, 15 минути откако се откачил од ракетата.

Лансирањето се случи откако пред девет дена руската ракета, носејќи набавки за Меѓународната вселенска станица, се урна при лансирањето.

Јапонскиот брод носи и колектор за собирање на ѓубре од вселената, за кое научниците велат дека ќе го влече надвор од орбитата околу Земјата, и кој ќе исчисти тони ѓубре кое се насобрало од стари сателити и делови на ракетата.

Отпадот ќе изгори без да предизвика некаква штета при влегувањето во атмосферата на Земјата.

Научниците велат дека повеќе од 100 милиони парчиња отпад лета околу орбитата, благодарение на повеќе од 50 години истражување на универзумот. Огромната количина на опасен отпад се смета дека претставува закана за иднината на истражувањето на вселената.

Експериментите може да доведат до многу поголема употреба на системи за собирање отпад во текот на следната деценија.

Освен храна, на бродот се наоѓаат и шест нови литиум-јонски батерии за системот на Меѓународната вселенска станица кој работи на соларна енергија и кој ќе им овозможи на астронаутите да спроведат вселенски прошетки следниот месец.

Астронаутот на НАСА, Пеги Вајтсон изјави дека има доволно резерви на Меѓународната вселенска станица кои ќе ги обезбедат астронаутите се' до пролетта, а со новата достава од јапонскиот брод, периодот ќе се пролонгира.

„Летањето во вселената не е лесно. Мора да се ставиме себеси под притисок за да ја завршиме правилната работа, и да ги направиме работите онака како што треба, за во иднина да ги немаме овие проблеми“, изјави таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија