Кралицата на Англија, Елизабета II има Фејсбук профил. Не е официјалниот профил на британската монархија туку супер таен профил на самата Елизабета на кој има тајна листа на пријатели.
Фото: RoyalFamily
Исто како нејзината мајка, и Елизабет обожава да зборува на телефон, но за разлика од нејзината мајка, Елизабет е во чекор со технологијата и поседува паметен телефон.
Социјалната мрежа најмногу ја користи за да разговара со принцезата Ана, нејзината ќерка и Џон Ворен, зетот на покојниот пријател на кралицата, Ерл од Каенарвон.
Можеби не сте слушнале за него, но веројатно го препознавате нивниот дом, Хајклер замокот во Беркшир.
Кралицата поседува и лаптоп и ајпад. За жал, таа не е корисник на „Twitter“ меѓутоа профилот @Queen_UK е пародија од нејзиниот профил.
Би можеле само да замислиме какви би биле нејзините Фејсбук
постови.