X
 11.12.2016 Култура

Како ослепил големиот Андреа Бочели?

Андреа Бочели е италијански тенор кој со својот глас успеал да го освои светот. Својот вид го изгубил на 12 години, а неговата мајка рекла дека музиката била негова единствена утеха.

 

андреа


Докторите ја советувале Еди, мајката на Андреа да абортира бидејќи предвиделе дека тој ќе се роди со слаб вид. Меѓутоа Еди и нејзиниот сопруг Алесандро одбиле. Веднаш после раѓањето констатирале дека Андреа има бројни проблеми со видот и после многу посети на доктор, му била поставена дијагноза на глауком. Во 12 година тој целосно ослепел, после повреда со која се здобил играјќи фудбал. Андреа бил голман, топката го удрила во окото и имал повреда на мозокот. За да запре крвавењето во главата, докторите се обиделе да му го спасат видот со ставање на пијавица на главата, меѓутоа тоа било неуспешно.

Кога целосно го изгубил видот, Бочели ја научил Брајовата азбука и ги користил прстите за да ги научи нотите, па започнал да свири на клави. Студирал право во Пиза и заработувал пеејќи по ноќни клубови. Животот започнал да тече во друг тек во 1993 година кога во 34-та година го забележал Лучијано Павароти кој го однел на турнеја и му дал поддршка во кариерата. Од тогаш до денес, продал повеќе од 80 милиони албуми.

Бочели инспирирал еден од водечките британски режисери за неговата животна приказна да биде пренесена на големото платно. Еден предизвик било неговото слепило да не биде претставено како хендикеп. Филмот „Music of Silence“ во режија на Мајкл Радфорд, и главната улога на Тоби Себастијан како Андреа Бочели ја раскажува неговата животна приказна.

Бочели го замолил режисерот да не го претставува како слепа личност бидејќи поголемиот дел од животот го поминал обидувајќи се да се преправа дека може да гледа. Пејачот не сака да ги доведува луѓето во непријатни ситуации и верува дека никој не сака да го види како бара столица како очајна личност“.

Тој користи разни трикови. Ги шутка столчињата со нозете за да види каде се. Секако, другите сетила му се доста развиени. Одлично му е развиено сетилото за мирис, допир, и над се' одлично слуша. Буквално знае колку е далеку ѕидот“, вели режисерот Мајк Радфорд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура