X
 26.05.2021 Здравје

На слеп маж делумно му бил вратен видот со нова генска терапија

Истражувачи успеале делумно да му го вратат видот на слеп човек со помош на експериментална генска терапија за која се пишува во неодамнешно истражување. Таа вклучува активирање на гени во окото со светлина.

Во експериментот научниците успеале делумно да му го вратат видот на едното око на еден пациент кој имал ретко нарушување на видот при кое умираат клетките во мрежницата, наречено ретинитис пигментоса (retinitis pigmentosa). Во рамките на терапијата протеин чувствителен на светлина бил вбризган во окото, а потоа се активирал со светлина со помош на специјални очила.

Научниците чекале пет месеци пред да започнат да го тренираат пациентот да ги користи очилата, со помош на кои сега може делумно да гледа. Пациентот на кој делумно му бил вратен видот бил 58-годишен слеп маж на кој му било дијагностицирано нарушувањето пред 40 години. 

Експерименталната терапија е резултат на соработка помеѓу повеќе истражувачи од различни земји.

Претходно успешно биле тестирани други терапии за враќање на видот кај пациенти со различно нарушување.

Извори: interestingengineering.com | technologynetworks.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје