За прв пат во историјата на доделувањето на наградата од Академијата за филм и наука, во категоријата за најдобра женска и машка улога номинирана е иста личност.
Станува збор за ѕвездата Кели Мантл која глуми во инди филмот „Confessions of a Womanizer“. Мантл, која е родена како машко, започнала да се занимава со глума во 90-тите години.
Maнтл е меѓу кандидатите за номинација за
Оскар за нејзината улога на проститутка која ѝ помага на нејзиниот пријател да ги излечи раните кои му ги нанесе промискуитетниот начин на живот.
Целокупната листа на номинирани актери во поединечни категории ќе биде објавена на 24 јануари.